Home / Болести и лечење / Внимавајте: Купувате евтини очила за сонце – еве што може да се случи

Внимавајте: Купувате евтини очила за сонце – еве што може да се случи

Евтините очила за сонце се многу штетни, посебно кај децата. Доколку вашето дете нема квалитетни очила, многу е подобро воопшто да не носи очила.

ocila-za-sonceОчилата за сонце станаа повеќе како моден додаток, а самата заштита на очи стана секундарна. Иако квалитетните наочари за сонце се далеку поскапи од оние евтините кои што можат да се најдат дури и во киоск, сепак факт е дека на очила за сонце не треба да се штеди.

Затоа, внимавајте! Евтините очила за сонце можат да ги „убијат“ вашите очи. Пластиката низ која што гледате, освен што адекватно не штити од сончевите зраци, дополнително го искривува видното поле поради што очите дополнително се заморуваат, а со тоа може да дојде до оштетување на видот. На такви очила за сонце посебно се чувствителни децата, па затоа подобро е да не се носат никакви очила.
При купувањето на очила за сонце треба да внимавате на следново:

Очилата мораат првенствено да ги заштитат вашите очи од ултравиолетовото зрачење. Евтините наочари воопшто немаат таква заштита, или пак заштитата е од многу мал квалитет и има слаб ефект.

Кај квалитетните наочари мора да постои ознака за процентот и видот од зрачењето кое што го блокираат. Најважно е да не пропуштаат ултравиолетови зраци. Исто така, доколку на очилата пишува дека се „поларизирани“, тоа не мора да значи дека тие ќе ве заштитат од УВ зрачењето – „поларизираните“ значи дека го намалуваат одблесокот на сонцето од површините кои што нè опкружуваат.

Дали очилата за сонце се квалитетни, можете едноставно да проверите на следниов начин. Ставете ги очилата, пронајдите во вашето видно поле некоја рамна линија и гледајте во неа. Затворете го едното око и полека мрдајте со главата горе-долу и лево-десно. Истото повторете го и со другото око. Доколку леќата е квалитетна, тогаш линијата која што ја гледате во секој момент ќе биде рамна, во спротивно, очилата и не се баш толку квалитетени колку што продавачот ќе тврди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top