Free songs
Home / аларм / Влажните марамчиња за бебиња се потенцијално опасни?

Влажните марамчиња за бебиња се потенцијално опасни?

Најголемиот број од влажните марамчиња и лосионите и млеката за хигиена на бебињата се потенцијално опасни, предупреди денеска француското здружение за заштита на потрошувачите УФЦ-Ке Шуазир, јави дописникот на МИА од Париз

getty_rm_photo_of_baby_wipe-300x203Од вкупно тестираните 34 различни производи за хигиена на бебиња, 26 различни марки на марамчиња и шест на лосиони/млека за хигиена, се покажале дека се затруени со молекули кои предизвикуваат алергија, антибактерии или антиоксидант „токсични, а некои од предизвикуваат и ендокрини нарушувања“, вели здружението.

Според здружението за заштита на потрошувачите, 94 отсто од тестираните производи се „потенцијално опасни“.

Во исто време здружението ги повикува родителите да бидат недоверливи кон козметичките производи и да користат многу повеќе сапун и вода. Во исто време е побарано од Европската комисија да ги направи уште построги правилниците за овој вид на производи.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top