Free songs
Home / аларм / Витаминот Ц може да предизвика камен во бубрег

Витаминот Ц може да предизвика камен во бубрег

Витаминот Ц се препорачува и се рекламира како полезен и здрав за употреба, но една нова шведска студија покажува дека преголеми количества можат да го зголемат ризикот од појава на камен во бубрег.

4629-Kako-da-prepoznate-nedostatak-vitaminaИстражувачи при Каролинскиот институт во Стокхолм во спроведено испитување со кое биле опфатени 23.000 мажи во Оребро и во регионот Вестманланд во период од 11 години, вршеле споредби околу поврзаноста на каменот во бубрег и конзумирањето на Ц-витамински таблети.

Кај оние кои користеле Ц-витамини како додаток во исхраната, ризикот да бидат погодени од камен во бубрегот бил двојно поголем, јави дописникот на МИА.

Колку почесто го конзумирале витаминот, толку повисок бил ризикот.

Споменатата шведска студија е презентирана во списанието „Јама интернал медицине“.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top