Free songs
Home / нови лекови / Видео: Овој човек ќе ги излекува сите болести и ќе ни го продолжи животот

Видео: Овој човек ќе ги излекува сите болести и ќе ни го продолжи животот

Неговите колеги го нарекуваат гениј, а тој вели дека „ги тренира клетките како кучиња“. Ако некој направи револуција во скоро време, тоа ќе биде овој човек.

Лоренс Струдер е еден од оние научници чиј живот се одвива во лабараторија. Тука ја запознал и својата сопруга, работејќи на експеримети со глувци кои боледуваат од Паркинсова болест. Бидејќи неговиот шеф бил премногу скржав за да купи уред кој таа работа ќе ја направи автоматски, тој и неговата сопруга Вивијан броеле колку пати глувците се вртат во круг. Ова е само краток опис од приватните и деловните почетоците на Лоренс.

lorensДенес 49- годишниот Лоренс е близу до лекот за Паркинсова болест, тешко невролошко пореметување кое се одразува со неконтролирани движења, а на крајот и сосема неможност за контрола на движењата. Многумина неговиот пристап го сметаат за радикален, бидејќи не се обидува само да ги „поправи“ проблематичните допамински клетки, туку во потполност да ги замени со клетки кои ги одгледува во лабараторија.

Во 2015 година добил стипендија (625.000 долари), а освен што го опишуваат како гениј, неговите колеги користат атрибути како што се „врвен“ и го нарекуваат „златен стандарт“. Доктор Орен Леви, невролог специјализиран за моторичките пореметувања, неговата работа ја нарекува „феноменална и револуционерна“ и додава дека станува збор за еден од водечките луѓе во полето на лекување на матичните клетки.

Струдер има своја лабараторија во Меморијалниот центар за истражување на ракот „Sloan-Ketering“ , а својата исклучително комплексна работа ја објаснува едноставно и тврди дека „како куче ги тренира клетките да се однесуваат поинаку“. Неговата тајна е во тоа што користи плурипотентни клетки кои лесно можат да се асимулираат во секој дел од телото, а ги претвора во 50 различни видови клетки. За сега се работи само со глувци и мајмуни, а тестирањето на луѓето е предвидено во 2017 година.

Струдер има во план и некои други „трикови“, а еден од нив е и манипулацијата на времето. Попрецизно, земал клетки од 99 годишник и ги вратил во стадиум на ембриони. На пример, ако во семејството имате заболен од Алцхајмерова болест, со помош на овие техники може да земете една од вашите клетки, да го „забрзате времето“ и да проверите дали и самите сте склони кон оваа болест. Како што самиот Струдел вели, би можеле да имате „мал аватор кој забрзано ќе го води вашиот живот“.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top