Home / Болести и лечење / Ви опаѓа косата? Еве како да спречите и кога итно треба да посетите лекар

Ви опаѓа косата? Еве како да спречите и кога итно треба да посетите лекар

Ако после миење на косата или после чешлање видите многу влакна во кадата или на подот, немојте веднаш да кревате паника – тоа е сосема нормално. „Секој човек просечно губи измеѓу 60 и 100 влакна секој ден“, вели доктор Анабел Кингсли, експерт за болести на косата и кожата на главата.

kosa 3Исто така, ако имате долга коса, ќе ви се причини дека ви паднала многу поголема количина на коса отколку што тоа навистина е, но сепак постојат ситуации кога треба да обрнете внимание и да ја побарате причината за паѓање на косата.

За почеток, треба да знаете дека косата е многу чувствителна на секоја промена и секој стрес во организмот. На пример, само една недела диета, стомачен вирус, температура или стресна недела на работа може да предизвика зголемено губење на косата.

Кога сето тоа ќе заврши, косата повторно ќе почне да расте и се` ќе се врати во нормала, па на тој начин во минливите случаи нема простор за грижа, објаснува Кингсли.

Некои жени забележуваат дека косата поинтензивно им паѓа кон крајот од летото, а на зима значително помалку, додека губењето на косата го забележуваат и оние дами кои ја мијат косата еднаш или два пати неделно. Понекогаш станува збор за генетика, а сите тие се причини на кои не можете да влијаете.
Есента претставува прелазен период, кога се менува природата, времето, но и состојбата на нашата кожа и коса.

За време на есента на нашата коса и се потребни повеќе хранливи материи и заштита, во спротивно ќе почне да опаѓа.Од друга страна, сосема е нормално косата да ви паѓа доколку се фарбате, цело време се фенирате, пеглате или ја виткате косата со фигаро.

Сево ова води кон паѓање на косата, но не влијае врз нејзиниот нормален раст. Кога ќе престанете со тие навики, ќе престане и паѓањето.

Хроничното паѓање на косата може да значи и недостаток на железо, витамин Д и Б12, како и проблеми со штитната жлезда, па не би требало да ја игнорирате оваа појава.

Доколку веќе се соочувате со овој проблем, еве неколку совети како да го спречите опаѓањето на косата.

Променете ја исхраната

Во есенските денови вашата исхрана нека се базира на незаситени масни киселини, како што се маслиново масло, маслинки, семки од тиква и сончоглед.

За време на денот јадете и белковини, но и многу овошје и зеленчук.

Намалете го користењето фен

Користете го минимално, а косата сушете ја со ладен воздух.

За време на есенскиот и зимскиот период подобро е воопшто да не користите преса за коса или фигаро.

Регенерација

На вашата коса овозможете и доволно влага.

На пример, пред миење на косата, ставете ја омилената маска или масло и оставете да отстои еден час.

По миењето на косата само на врвовите нанесете регенератор.

Пилинг на коренот

Ако вашата коса брзо се масти, тогаш не правете пилинг на коренот, немојте да ја миете со топла вода и откажете се од топлите купки.

Во спротивно косата многу побрзо ќе ви се масти.

Заштита

Ветеррот и студот и штетат на косата и на главаа. За време на есенските и зимски денови подобро е да носите капа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top