Free songs
Home / аларм / Верувате ли дека намерно ве инфицираат со болести?

Верувате ли дека намерно ве инфицираат со болести?

Дури половина од Американците веруваат во некоја од популарните теории на завери, почнувајќи од тоа дека голем дел од африканската популација намерно е заразена со ХИВ, па се до тврдењата дека вакцините предизвикуваат аутизам кај децата.

lekar spricСпоред најновите истражувања, дури половина од Американците веруваат во некои од фармацевските теории на завери. Најпопуларна е онаа во која веруваат 37% од испитаницте, која тврди дека државата намерно спречува да се лекуваат со природни лекови.

Водачот на ваквата теорија е Џеј Ерик Оливер, од Универзитетот во Чикаго, кој вели дека луѓето полесно веруваат во теоријата на завери, отколку во компликуваните медицински истражувања. Се работи за епидемиологија и теорија кој веројатно е теза која наведува на приказната која гласи:

„Ако ова го внесеш во својот организам ќе се чувствуваш лошо“, вели Оливер.

Во истражувањето учествувале 1351 возрасен Американец на кои им е понудено шест медицински теории и им е побарано да кажат дали некогаш слушнале за нив и дали веруваат во нив. Дел од испитаниците веруваат дека агенцијата за шпионажа намерно ја заразила дел од африканската популација со вирусот ХИВ, а државата исто така знае дека мобилните телефони предизвикуваат рак, но не прави ништо во врска со тоа, како и дека обичните вакцини предизвикуваат аутизам кај децата.

Половина од испитаниците веруваат во барем една од наведените теории. Петина веруваат во врската меѓу аутизмот и вакцината. Така што истражувањето е воспоставено за да луѓето често се свртат на алтернативната медицина. „Наместо таквите пациенти да се сметаат за луди, лекарите треба да бидат свесни за нивните ставови и фактот што истите веројатно нема да се придржуваат до препишаната терапија“, заклучува Оливер.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top