Home / природен лек / Ве мачат киселини во желудникот – ова помага

Ве мачат киселини во желудникот – ова помага

Здравјето на желудникот е директно поврзано со начинот на исхраната, но и со стресот. Желудникот освен што реагира на тоа што јадеме и пиеме, тој е исклучително чувствителен и на стрес и на другите психолошки нарушувања. Основна задача на желудникот е со помош на својата киселина и контракции да ја омекне и разгради храната. Храната ќе ја неутрализира излачената желудочна киселина.

bloatingНо, кога во желудникот нема храна, а зголемено се лачи желудочна киселина, поради одредени причини, на пример, поради стрес доаѓа до оштетвање на слузницата на желудникот. Желудочната киселина го напаѓа желудникот и тоа може да доведе до воспаление (гастрит) и до чир. Помогнете си себеси и на својот желудник со паметен избор на храна.

Овес

Овесот ќе ви биде совршен сојузник во борбата против ждригавица и киселини во желудникот. Содржи бројни минерали, здрави масни киселини, влакна и јаглехидрати. Поради таквите својства, овесот бавно се вари, па е постојан извор на енергија и благотворно дејствува на севкупниот систем на варење. Тоа значи дека киселините во желудникот стануваат минато.ЃумбирЃумбирот е исклучително делотворен кај желудочните проблеми, а посебно ефикасно дејство има на киселините во желудникот. Можете да го консумирате сам или како додаток во исхраната – супите, прилозите, салатите, па дури и во пијалаците. Неговото благотворно дејство е потврдено со многу истражувања.

Мешунки

Мешунките (грав, грашок, леќа) се хранливи густи јаглегхидрати кои имаат полно влакна, па телото лесно ги вари. Имаат стабилизирачко дејство на шеќер во крвта. Бројни студии покажуваат дека грашокот може да го намали ризикот од рак на дебелото црево, како и од другите видови карцином. Истражувањата исто така покажуваат и дека мешунките благотворно дејсвуваат на ждригавицата и киселините во желудникот.

Јаболко

Јаболките содржат низа антиоксидативни материи кои ги бранат клетките на телото од слободните радикали, но и кои му помагаат на телото во нормалното функционирање. Одамна е познато дека јаболкото добро влијае на варењето, а сега е докажано и дека ја спречува ждригавицата.

Уште неколку корисни совети:

– Јадете почесто, помали оброци. Колку што е оброкот помал и понемрсен, толку пократко се задржува во желудникот, па е и помал притисокот на мускулот којшто го поврзува желудникот и хранопроводникот.

– Зголемената телесна тежина, а посебно дебелината е ризичен фактор. Повеќето луѓе чувствуваат слабеење на киселините по намалувањето на килограмите.

– Цигарите, кафето, алкохолот и пијалаците со кофеин, како и сите газирани пијалаци, се многу лош избор кога се во прашање киселината во желудникот и ждригавицата, посебно во комбинација со обилни и мрсни оброци. Исфрлете ги или барем редуцирајте ги сите наведени стимуланси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top