Home / сведоштва / Вал Килмер тврди дека ракот на грлото не го излекувал со помош на медицината

Вал Килмер тврди дека ракот на грлото не го излекувал со помош на медицината

Актерот Вал Килмер (57) во вторникот во текот на дружењето со обожавателите на Редит утврдил дека со молитва и љубов се излекувал од ракот, пишува „Дејли мејл“.

val-kilmer-throat-cancer-fightНа ревносниот следбеник на Христијанската наука која во Бостон во 1789 година ја основала Мери Бејкер Еди, ракот на грлото му е дијагностициран во 2015 година. Килмер во вторникот во текот на дружењето на Редит во текот на кое одговорал на прашањата на обожавателите инсистирал дека од неизлечливата болест се излекувал благодарение на молитвите на пријателите, семејството и обожавателите.

Меѓутоа, актерот во декември 2015 година е фотографиран со цевка околу вратот која им се дава на пациентите кои се подложени на трахеостомија, операција по пат на која се отстрануваат тумори на грлото. И покрај тоа, Килмер и понатаму тврди дека се излекувал исклучиво благодарение на молитвите.

– Многу сум благодарен поради сите молитви и добри мисли кои се пренесени низ светот. Луѓето кои знаат дека сум припадник на Христијанската наука претпоставуваат дека некако сум се загрозил. Но, многу, многу луѓе се излекувани со помош на молитвата, додека многу, многу луѓе умреле благодарение на модерната медицина – напишал Килмер на Редит. Килмер понатаму рекол дека го запознал доктор Бернард Лоун, изумител на дефибрилаторите, и дека овој му рекол дека љубовта е најмоќниот лек на светот.

Почна да плаче без гласот да му затрепери. Се наведна кон мене и ми рече: „Истресесте им ја перницата. Тоа им го велам на сите свои стажанти. ЉУБОВ.

– Љубовта лекува. Повеќе од сите други способности, ги поттикнувам да го САКААТ животот којшто им е даден на спасување“ – рекол Килмер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top