Home / сведоштва / Треба ли да молиме за лекови, за живот? – ПОСВЕТЕНО ДОСИЕ (ВИДЕО)

Треба ли да молиме за лекови, за живот? – ПОСВЕТЕНО ДОСИЕ (ВИДЕО)

Треба ли да молиме за лекови за живот? Oва ,,Досие,, авторот Анита Петровска Рајковиќ го посвети на својот татко кој почина од редок тип на тумор, но и на сите пациенти во Македонија кои боледуваат од рак или други болести а за кои во светот има избор на лекови – а во Македонија не !!

Еве што вели авторката за ова ДОСИЕ– Ова досие го посветувам на мојот татко. Не напушти на новогодишната ноќ по 15 сетина мачни денови во болница. Мојот татко беше човек кој во целиот свој живот не се напил ниту едно апче, ниту апче за глава. А последната година од својот живот мина низ хорор, операции, трансфузии речиси секојдневни, апчиња од кои имаше страшни мачнини, боцкања, испитувања до бескрај. На 31 декември на новогодишната ноќ мафна за последен пат и замина, ја загуби битката со туморот. На крајот излезе дека мојот татко боледувал од редок тип на тумор .. наречен ГИСТ.. морам да кажам дека третманот на лекарите беше одличен, професионален. Мојот татко беше згрижен и во приватна и во државната клиника,  на Онкологија на крајот. Секоја чест за борбата на лекарите за животот на мојот татко. Но имаа ли врзани раце.. можеше ли да се направи повеќе??

Како ќерка која го загуби столбот на својот живот неможам да престанам да се прашувам.. ќе беше ли мојот татко жив доколку и во Македонија ги има лековите кои за овој редок тип тумор се употребуваат во светот. Во Македонија има само еден тип на лек за оваа болест.. но мојот татко не реагираше на него. Во вакви случаи во светот имаат и втора линија лекови и трета.. но во Македонија само еден.

Јас не сум единствената и Бојана го загубила својот татко бидејќи не реагирал на терапијатакоја ја има во Македонија.. а уште потрогателна е приказната на чичко Добре кои самиот боледува од рак – леукемија.. знае дека одреден лек што го има на запад му помага.. но во Македонија го нема.. ова досие е посветено на сите вакви случаи, а во Македонија ги има многу..

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top