Home / Болести и лечење / Тивок убиец: Сигурни ли сте дека ја немате оваа болест – ја има секој 100 човек на земјата

Тивок убиец: Сигурни ли сте дека ја немате оваа болест – ја има секој 100 човек на земјата

Кламидијата е наречена  тивок убиец. По бројните истражувања е проценето дека секој стотти човек на земјава во телото ја има оваа бактерија а на другите ја пренесува по сексуален пат.

slike-zivot-5-test_doktor_658923279Се проценува дека од кламидија боледуваат 1,8 милиони луѓе во САД, иако официјално се  регистрирани 1.400.000. Тоа значи дека околу 400.000 лица се изложени на ризик од инфекција со оваа сексуално пренослива болест.

Тоа што болната личност не побарала лекарска помош, не значи дека е нејзина вина. Кламидија обично не дава никакви видливи симптоми. За мажи, оваа болест ретко може да има сериозни последици. Сепак, тие лесно можат да пренесат на партнерката.

За жал, ако жените не ја третираат кламидијата со месеци или години, бактеријата  може да се прошири во матката и јајцеводите. На крајот, тоа може да предизвика сериозни проблеми како што се намалување на плодноста или воспаление на карлицата проследено со сериозна болка и грчеви при мокрење.

Понекогас грчеви се знак, но најчесто оваа болест не дава никакви симптоми вели др Мери Џејн Минкин од Јеил.

Исто така, ако не се лекува, кламидијата може да го ослабне имунитетот и лицата стануваат подложни на заболување од ХИВ и други инфекции.

Кламидијата лесно се открива со само еден лекарски преглед, а третманот со антибиотици за час ќе го реши проблемот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top