Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!
Free songs
Home / природен лек / Темјан – едно од најлековитите растенија

Темјан – едно од најлековитите растенија

Темјанот кај нас е познат преку црковните церемонии а се смета за еден од најстарите мириси.

За него се вели дека ја подобрува циркулацијата и протокот на крв низ крвните садови кои се оштетени од воспаление а помага и на зглобовите заболени од артритис. Некои студии покажале дека темјанот може да помогне во лекувањето на некои видови на рак – малигнен меланом, рак на мочен меур и тумори на мозокот.

temjan11381697172_thumb_medium490_0Во едно истражување беше потврдено дека екстрактот од темјан ги намалува невролошките оштетувања, ја олеснува депресијата и ги намалува тензиите, спречува да дојде до болести на крвните садови а го намалува и лошиот холестерол. Во ароматерапијата, темјанот се користи за победување на стресот , хистеријата и депресијата.

Се смета дека масажа и бања со масло од темјан ,многу помога при менструални болки и воспаление на мочниот меур.Исто така терапијата со масло од темјан има корисен ефект врз респираторниот систем и го олеснува бронхитисот, астмата, воспаление на синусите, настинките и алергиите .

Истурете на рака неколку капки масло и вдишувајте повеќе пати на ден или инхалирајте се со тинктура од темјан ,1 лажичка на еден литар топла вода. Се верува дека темјанот може да го запре ‘рчењето ,па за таа намена неопходно е со масло од темјан да се намачкаат вратот, градите и делот околу носот.Темјанот е добар и за нега на кожата бидејќи помага за чистење на акни , лузни, стрии, брчки и рани .

Темјанот не се препорачува ако пиете лекови за разредување на крвта, ако страдате од висок крвен притисок, ако сте бремени или доите.

Duma.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top