Home / алтернативна медицина / Телото праќа сигнали, прочитајте ги – пример темните дамки под пазувите знак за дијабетес

Телото праќа сигнали, прочитајте ги – пример темните дамки под пазувите знак за дијабетес

Изгледот на телото може многу да ни каже за само неколку минути, па посветите толку време за своето здравје и добро погледнете се во огледалото.

За да бидете сигурни дека се е во ред, задолжително побргу посетете лекар.

При извршувањето самопрегледи на вашето тело посебно внимание обрнете на бенките, црвенилото на кожата и модринките, а многу важни индикатори се држењето на телото и обемот на половината. Редовното мерење на обемот на половината, може да ви го спаси животот. Наместо секој ден да се мерите, со кројачко метро редовно мерете ја вашата половина. Многу често и мало стомаче може да го зголеми ризикот од сериозни срцеви проблеми, дури и ако тежината е нормална.Лекарите предупредуваат дека ако обемот на половината е поголем од 89 сантиметри, тоа е знак за предупредување на сите жени.

27399_mladez-foto-Shutterstock_iffШтом се појават знаци на маснотии во пределот на стомакот и половината, започнете ја вашата борба со нив. Вежбајте, намалете ги јаглехидратите, јадете повеќе риба и пилешко, бидејќи се добар извор на протеини. Поради лошата положба на телото, рбетот страда најмногу, а тоа го ограничува нормалното дишење и може да биде причина за главоболки, стрес и сонливост.

ПАЗУВИ

Лекарите вели дека темните дамки на кожата под пазувите можат да укажуваат на дијабетес. Вишокот инсулин во крвта може да доведе до наталожување на ткивото и на меланинот. Поради тоа кожата на тој дел изгледа потемна. Анализата на крвта може да открие дали се е во ред.

КАПАЦИ НА ОЧИТЕ, КОЛЕНА И ЛАКТОВИ

Ситните мозолчиња на овие делови на телото можат да бидат знак дека имате зголемен холестерол.

За жал, во оваа фаза тоа веќе значи дека холестеролот е навистина висок, но со промените во исхраната и начинот на животот можете да го ублажите и намалите ризикот од болести на срцето. Читајте ги знаците кои ги дава вашата кожа. Внимателно разгледајте ги наборите на кожата, над колената и пазувите. Црвенилото и чешањето укажуваат на можноста од појава на егзема, а црвените мозолчиња можат да бидат знак за осип. Воспалението на кожата најчесто се смирува со омега-3 масни киселини од мрсна риба, авокадо и ленено семе, кое помага за навлажнување на кожата.

ТЕМЕТО НА ГЛАВАТА

Ако ви се создаваат лушпи на главата кои паѓаат на рамениците како првут, можно е да сте под стрес па телото произведува поголема количина од хормонот кортизол. Тој може да ја исуши кожата на главата и затоа се појавува првутот. Шампоните против првут можат да помогнат, но причината ќе ја решите само ако се ослободите од стресот.

ОЧИ

Темните кругови околу очите, освен заморот и недоволното спиење, можат да значат дека имате алергија. Алергените во телото отпуштаат хистамин, а бидејќи крвните садови букнуваат поради крвта и останатите течности, тоа се прикажува на местото на кое кожата е најтенка.

МОДРИНКИ

Склоноста кон модринки најчесто е генетска, но може да предупредува и на болести на црниот дроб, како цироза и хепатит, а може да биде и последица на лековите за прочистување на крвта (аспирин и стереоиди). Јадете што повеќе овошје и зеленчук, богати со витамин Ц и биофлавоноиди – портокали, бобинки, грозје и боранија.

СЕ Е ДОБРО ДОДЕКА ТЕЧЕ НОСОТ

Иако течењето на носот може да иритира, тоа сепак е добар знак за стабилност на имунитетот. Слузот кој се собира во носот, ги заробува вирусите и ги елиминира од телото. Ако е носот многу сув вирусите лесно влегуваат во организмот. Привремената сувост на носот поради сувото време во зима не е проблем, но ако е хронична и трае долго, секако треба да се јавите на лекар.

УРИНА

Добар знак е и бледожолтата урина. Водата ги елиминира отровите насобрани во телото. Ако е потемна значи дека не внесувате доволно течности, па ризикот од настинка е поголем.

ПРЕГЛЕД НА БЕНКИТЕ СЕКОЈДНЕВНО

Се повеќе во светот има заболени од меланом, најсмртоносниот вид на рак. Дури една четвртина од нив, се жени помлади од 40 години. На најголем ризик се изложени оние, кои имаат светла кожа и кои долго време се изложени на сонце. Затоа секоја недела треба да се прегледаат бенките, кои се асиметрични, имаат неправилен раб, менуваат често боја или се поголеми од гумата на моливот. Ако забележите каква било промена веднаш јавете се на лекар.

НОКТИ

Темните дамки на ноктите можат да бидат знак за меланом. Дамките, односно лентите на ноктите со жолтеникава, беж или со црна боја се знак што побргу да посетите лекар. Со раната детекција ракот на кожа може да се излекува во 95 отсто случаи.Белите, долги и тенки ленти на ноктите, пак, можат да значат дека бубрезите не функционираат како што треба односно не можат да ги филтрираат протеините од урина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top