Home / аларм / СЗО: Здравата храна е скапа

СЗО: Здравата храна е скапа

Секој човек дневно треба да издвои дополнително 1,1 евро за здрава исхрана, што на годишно ниво е повеќе од 400 евра, соопшти Светската здравствена организација, а пренесува весникот Нувел Обсерватер.

hrana-organskaАко сакате да имате квалитетен оброк со риба, зеленчук, овошје, треба да издвоите уште 1,1 евро дневно, наведува весникот повикувајќи се на СЗО и додава дека е оптимално дневно да се внесуваат по 2.000 калории.

Научниците пресметаа дека оброкотод зеленчук, риба и ореви е многу поскап од чинија со индустриски месно преработки и други додатоци.

Тие наведоа дека за дневно конзумирање на 400 грама овошје или зеленчик треба да се издвојат дополнителни 1,17 евра и тоа само за едно лице.

За брачна двојка со две деца тоа е месечно дополнителни 131,04 евра. Студијата е спорведена во 10 најбогати земји во светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top