Free songs
Home / нови лекови / Србин прави супервакцина која ќе го спаси човештвото!

Србин прави супервакцина која ќе го спаси човештвото!

На формулата, за вакцината над сите вакцини, со која човештвото би се спасило од сите облици на грип, со години се работи во бостонската лабораторија на клиниката во Харвард, а истражувачите во оваа визионерска научна работилница ги предводи 53 годишниот Србин Владимир Брусиќ.

MON1029-flu

Тој е предводник на револуционерното движење на компјутерската имунологија, област која е клуч за модерната медицина за развој на вакцината, а во таа област пред неколку денови имаше и предавање во SANU.
Со комјутерска имунологија на почетокот се занимавале само десетина луѓе во светот. Поради специфичностите на оваа наука, која е комбинација од инженеринг, медицина и информатика, денес, две децении подоцна, овој број е пораснат на 1000.
„Дипломирав на Машинскиот факултет во Белград, а подоцна магистрирав во Центарот за мултидисциплинарните студии при BU.

Најмногу ме интересираше биомеханиката, па од 1981 година, имав пракса на Институтот за биомеханика на Швајцарскиот универзитет во Берн. Тука се најдов благодарение на стипендијата која што ми беше доделена за една година“, се потсетува Брусиќ на своите почетоци.
Тогаш и по цели ноќи поминувал во лабораториите во проучување на тоа како функционира човековото тело и како инжинеринг принципите можат да се применат во медицината.

OLYMPUS DIGITAL CAMERAОд тогаш, сегашниот директор на Центарот за развој на вакцина на Универзитетот Харвард, работел на универзитетите во Швајцарија, Канада, Австралија, Сингапур и САД и за тоа време заработил две стипендии за колеџ, три магистерски и две докторски дипломи.
„Се она што го научив пред 30 години во студирањата во центарот за мултидисциплинарни студии во Белград, сега можам практично да ги применам. Теоријата останува иста, но технологијата е далеку понапредна.

Лабораторијата на чие чело се наоѓам јас, работи на пронаоѓање на формула за вакцина против разни болести, пред се против грипот, од кој во историјата страдале повеќе луѓе отколку во војните“, вели Брусиќ.

n55128За формула за супервакцина, која е оперативна во моментов, добил почесен докторат на Универзитетот Семелвајс во Будимпешта.

„Во светот во моментов има околу 20 лаборатории кои се занимаваат со компјутерска имунологија. Националниот институт за здраство во САД ги призна нашите напори и донираше голема сума на пари за нашето истражување“, изјавил Брусиќ, додавајќи дека посакува и во Србија да се одвојат повеќе средства за инвестиции во образованието и практична обука на младите.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top