Free songs
Home / природен лек / Солта помага против инфекциите

Солта помага против инфекциите

Солта, озлогласена по своето влијание врз здравјето, помага во борбата против инфекциите, покажа новото истражување, чии резултати се објавени во списанието Cell Metabolism.

morska solВнесувањето повеќе сол во организмот може да му помогне на телото да се справи со инфекциите, покажува истражувањето кое сигурно ќе ја разгори дебатата за добрите и лошите страни на солта која внесена во преголеми количества предизвикува зголемување на крвниот притисок и оттаму зголемен ризик од срцев и мозочен удар.

Солта е важна за метаболизмот, односно за рамнотежата на течностите во организмот, формирањето на коските, за нервниот систем и варењето на храната, а според германските и американските научници, и за имуно системот.

Од претходно беше познато дека организмот вишокот сол го складира во кожата, а научниците утврдиле дека јоните од натриумот се насобираат на местата со кожни инфекции предизвикани од бактерии, кај луѓето и кај глувците. Научниците во текот на споменатото истражување покажале дека солта го зајакнува имунолошкиот одговор на организмот.

sol2-300x187„Резервите од сол овозможуваат кожата да се брани од микробите“, вели за DPA водителот на истражувањето Јонатан Јантш, од институтот за клиничка микробилиогија на универзитетот Регенсбург. Солта ги активира имуно клетките маркофаги кои ги убиваат причинителите на заразата. Тоа откритие не треба да се користи како изговор за зголеменото консумирање сол, вели Јантш. „Оние коишто внесуваат премногу сол и натаму се изложени на ризикот од развој на кардиоваскуларни пореметувања“, додава.

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) препорачува внесување до пет милиграми сол дневно и истакнува дека намаленото внесување сол го намалува и ризикот од срцеви и мозочни удари. Денеска луѓето просечно внесува 10 милиграми сол дневно.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top