Free songs
Home / природен лек / Со рузмарин против Aлцхајмер и лоша меморија

Со рузмарин против Aлцхајмер и лоша меморија

Италијанските научници неодамна дојдоа до интересни резултати во врска со рузмаринот. Тој делува одлично кај луѓето со Aлцхајмерова болест и влијае врз подобрување на меморијата.

BrainРузмаринот е билка која има долга традиција на користење и ова ги навело италијанските научници подлабоко да истражуваат. Рузмаринот се користел уште од многу одамна во народната медицина, а меѓу луѓето се смета како мелем за мозокот.

 Освен екстрактите кои се внесуваат, од рузмаринот се прават и разни екстракти кои се користат при ароматерапија и разни шампони. Според познавачите на народната медицина, овие екстракти ги помагаат периферните нерви и преносот на информациите помеѓу невроните, а според научниците екстрактот од рузмарин делува врз спречување на прогресивното пропаѓање на нервното ткиво при Алцхајмерова болест.

Освен што рузмаринот делува против Алцхајмеровата болест и за подобрување на меморијата, рузмаринот според научниците го подобрува и дишењето, работењето на бубрезите и варењето на храната. Рузмаринот го подобрува и кардио-васкуларниот систем, протокот на лимфата, а делува и делотворно при зараснување на раните и изгорениците.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top