Free songs
Home / нови лекови / Со инфузија на витамин Ц лекуваат рак

Со инфузија на витамин Ц лекуваат рак

Дел од онколошките центри во Чешка почнаа со примена на нов начин на лечење на болните од рак и други болести со директна апликација во вените на високи дози на витамин Ц.

Иако користењето на инфузија на витамин Ц е одобрено од Институтот за здравство, сепак дел од чешките онколози чекаат клиничката студија да ги покаже придонесите и резултатите од тој тип терапија.

vitamin– Инфузијата како додаток на лечењето на ракот долго време се применува, изјави фармакологот Здењек Прохазка, потсетувајќи дека стандардните дози на витаминот кој се добиваат преку храна и таблети ги покриваат само основните физиолошки потреби, а до крвта голем дел не стигнува поради цревната бариера и природното исфрлање преку урината.

Концентирана доза на витамин Ц го јакне имунитетот и една доза е доволна за превенција од грип, а се користи и при лекување на алергии, автоимуни болести, како Кроновата билест, и против разни видови канцер и тумори.

Со инфузијата, витаминот Ц влегува во крвта и делува против инфекции, против воспаленија и како антиоксиданс.

Овој вид лечење не се препорачува само за луѓе со проблеми на функцијата на бубрезите.

– За превенција на кардиоваскуларни болести и канцер се препорачува концентрација на витамин Ц во плазма најмалку 0,9 милиграми на сантилитар што одговара на дневна доза од 100 до 200 милиграми витамини.

Потребно е концентрацијата во крвта да биде 10 до 15 пати поголема за да се достигнат резултати.

– Дозата од 0,1 грам на килограм телесна тежина го поддржува имунитетот и ја потиснува инфекцијата, а последните студии покажуваат дека дозата од 0,75 до 1,5 грама на килограм тежина делува токсиколошки и директно на канцерогените клетки, објаснува Прохазка.

Витаминот Ц го засилува дејството на класичното онколошко лекување и истовремено ги заштитува здравите клетки. Со неговата употреба се зголемуваат шансите за излекување, или во најмала мерка се подобрува квалитетот на животот на павиентите и се намалуваат негативните ефекти.

Овој начин на додатно лекување се применува во Онколошкиот центар во Либерец и според лекарката Марта Холикова на пример, кај пациент со напреднат рак на панкреасот кој се ширел до јетрата, по само три недели лечење се покажани подобри резултати.

Инфузијата со витамин Ц не е покриена од јавното здравство и пациентите сами ја плаќаат откако ќе добијат лекарски рецепт.
Дозата за долготраен третман чини 18 евра, а 30 евра доза за еднократна употреба.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top