Home / природен лек / Со глог намалете го ризикот од инфаркт

Со глог намалете го ризикот од инфаркт

Kинезите во минатото од глог произведувале ферментиран пијалак, а негови остатоци се пронајдени во садовите стари и до 9.000 години. Се верува дека тогаш ова растение имало значајна улога во религијата. Легендата вели дека од ова џбунесто растение бил направен Христовиот венец од трње. Со него се поврзани и многу други верувања, дури и митови за вампири. Глогот веќе се распространил низ Европа, Азија, Северна Америка и Медитеранот, но денес го има низ целиот свет. Познат е и под други, народни имиња – бел трн, глоговец, глоговина, остар трн и многу други. Еве за што с` можете да го користите ова растение.

Лек за срце

glogГлогот содржи активна супстанција со антиоксидантно дејство. Во цветовите, покрај малку етерично масло, има и триметиламин и гликозидоксиакантин. Плодовите содржат етерични масла, танин, сапонин, гликозиди и фруктоза, а во значителна количина има и калиум, натриум, калциум и соли на фосфорната киселина. Откако познатиот хомеопат Вилмар Швабе ја вклучил тинктурата од свежо овошје во својата книга, популарноста на оваа билка значително се зголемила и станала предмет на многу истражувања. Се потврдило дека глогот е корисен лек за срцето. Меѓу охрабрувачките наоди е и тој дека глогот го намалува ризикот од болеста на модерното време – инфарктот.

Сите што имаат проблеми со висок крвен притисок, а сакаат да се заштитат од опасностите што ги носи високиот холестерол и стврднувањето на крвните садови и сите што страдаат од срцеви кризи, можат со целосна доверба да се лечат со глог. Ова растение широко се користи за одржување здрав циркулаторен систем, кај зголемен крвен притисок, кај ослабен срцев мускул и кај срцеви аритмии. Прифатен е како безбеден и ефикасен третман во раните фази од срцеви заболувања, како и ефикасна терапија за понапредните фази на болеста. Се препорачува и по преживеан срцев удар, бидејќи го зголемува протокот на крв од коронарните садови. Ја подобрува активноста и влијае на подобра исхрана на клетките на срцевиот мускул. Генерално сите луѓе на 50 години треба повремено да земаат раствор од глог.

Други начини на употреба на глогот

Глогот е едно од растенијата со најсилен смирувачки ефект. Помага при замор, недостаток на енергија, недоволно спиење, тешко дишење, вртоглавица,силно биење на срцето, вознемиреност, нервоза и шум во ушите. Важен е и во менопаузата. Може да се користи како помош за губење на телесната тежината, бидејќи го поттикнува отстранувањето на вишокот вода од организмот. Ова својство го прави корисен и кај целулит, едем и болести на зглобовите. Глогот го зајакнува сврзното ткиво, а поради антивоспалително дејство се препорачува кај дигестивни проблеми. Штити од дејството на слободните радикали и ги спречува васкуларните болести како артериосклерозата. Многуте истражувања на глогот покажале дека тој е безбеден и добро се поднесува. Сепак, не се препорачува за бремени жени и доилки.

Kако се бере глог

За лечење најчесто се користат два вида глог – црвениот и помалку познатиот, бел глог. Ова растение расте покрај патиштата, шумите и ливадите, а се карактеризира со трње и лисје со три и со пет краци. Kората се собира напролет, а се користи сува или свежа.

Сега е вистинско време да ги берете плодовите. Есен е, а тие имаат силна црвена боја. Цветовите, по можност бели, се берат додека се пупки или непостредно пред да расцветаат, меѓу април и јуни. Се сушат на ладно, во тенки слоеви.

Kапки од глог

Земете 20 г иситнети листови и цветови и прелијте ги со 200 мл 70-отстотен алкохол. Повремено промешајте. По три недели, процедете ги. Пијте 20 капки дневно со малку течност. Овие капки дејствуваат превентивно, но и како помошна терапија кај болести на циркулаторниот и нервниот систем.

Сируп од глог

Во блендер ставете еден килограм бобинки од глог, прелијте ги со вода, која ќе достигне 2,5 сантиметри над бобинките. Изблендирајте ги и оставете ги 24 часа. Ставете ги на тивок оган, а кога ќе почне да врие, оставете ги нека се крчкаат половина час. Исклучете го оганот и иставете ги така уште половина час. Процедете ја течноста и кога ќе се олади ставете ја во фрижидер. Бобинките изблендирајте ги и ставете им нова вода.

Потоа уште еднаш варете ги половина час и оставете ги да отстојат уште половина час. Добро процедете ги низ крпа, да биде што погусто. Овој сок измешајте го со тој што прво го исцедивте. Потоа крчкајте го на тивок оган додека не остане четврт од смесата. Ставете го во стерилизирани шишиња и земајте 6 до 12 лажици дневно. Рокот на траење на сирупот е неограничен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top