Free songs
Home / аларм / Смртоносна габична инфекција отпорна на лекарства се шири низ светот, дијагностицирани 30 лица

Смртоносна габична инфекција отпорна на лекарства се шири низ светот, дијагностицирани 30 лица

САД во моментов има повеќе од 30 лица дијагностицирани со смртоносна габична инфекција, отпорна на лекарства, откако здраствените власти издадоа предупредување за овој патоген уште во јуни, 2016-та.

Се шири низ целиот свет

kandidaГабата наречена Кандида Аурис се шири низ светот, инфицирајќи луѓе во голем број земји уште од нејзиното откривање во 2009-та година кај пациент со инфекција на увото во Јапонија. Габата оттогаш е пријавена дека се шири во Велика Британија, Венецуела, Јужна Кореја, Пакистан, Кувајт, Кенија, Колумбија и Израел.

Габичната инфекција влијае врз крвотокот

За разлика од другите форми на габична инфекција, овој вид предизвикува посериозни закани – го напаѓа кровотокот и се шири од човек на човек дури и во медицински услови.

Останатите кандида инфекции ги напаѓаат грлото, вагината и устата, но инвазивните габични инфекции познато е дека влијаат и врз срцето, мозокот, коските, очите и останатите делови од телото, што ги прави многу поопасни.
Отпорна на лекови

Овој вид на габа може да преживее на кожата со месеци, па дури и на опремата во болниците како креветите, столиците и сл. со недели. При тестирањето се покажа дека некои нејзини нишки се отпорно на сите можни лекарства против габични инфекции, па ова дополнително го отежнува нејзиниот третман.

Здраствените власти објавија дека патогенот е од групата од новонастанатите инфекции отпорни на лекарства. Триесет и пет пациенти се дијагностицирани со оваа габа до сега и кај уште 18 е пронајдено дека ја носат во организмот иако се уште не ги почуствувале негативните последици.

“Врз основа на лабораториски тестирања, корените на оваа габа се поврзуваат со Јужна Азија и Северна Америка. Како и да е, ниту еден од заразените не патувале или пак имаат билокаков контакт со овие региони. Повеќето пациенти најверојатно се здобиле со инфекцијата локално” – CDC изјавија во соопштението откако го објавија својот прв извештај кој ги опишува случаите на заразените со инфекцијата.
Висок ризик од смрт

Шеесет проценти од индетификуваните случаи биле фатални. Многумина од оние кои починале имале и други сериозни болести. Лица со зголемен ризик од инфекцијата се оние кои неодамна имале операција. Тие кои употребуваат широк спектар на антибиотици и антифунгали, пациентите со дијабетис се исто така подложни на инфекцијата.

Кандида Аурис има потенцијал да предизвика епидемија во здраствените установи. Со оглд на тоа дека инфекцијата се појави во девет земји на четири континенти од 2009та година наваму, медицинарите алармираат дека здраствените установи од целиот свет треба да ги проверуваат своите пациенти и од оваа можна опасност.
Инфекцијата бара специјализирани лабораториски методи за точно да се открие. Конвенционалните лабораториски техники можат да доведат до погрешна идентификација, па дури и несоодветен третман кој претставува опасност за ширење на инфекцијата во здравството.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top