Home / природен лек / Смрека: Природен инхалатор богат со витамин Ц

Смрека: Природен инхалатор богат со витамин Ц

Етеричното масло од смрека го олеснува искашлувањето, се користи за инхалација на респираторни патишта

chaj-od-smreka1-239x300Благодарение на неверојатните лековити својства, смреката (Juniperus communis) зазема посебно место во народната медицина. Позната е и по тоа што се додава во ракија клековача. Во зависност од живеалиштето може да биде џуџеста или неколку метри висока. Расте на карпести и карстни терени, распространета е од Арктикот до тропската Африка.

Сите делови на ова растение се лековити, а особено ароматичните плодови со горчливо – слаткастиот вкус кој се собираат од есен до зима, а се сушат на ветровито место во тенок слој со често превртување со шпакла. На ист начин се сушат игличките и врвовите на гранчињата, но претходно ситно се сечкаат.

Клеката е одличен диуретик, се препорачува и против кашлица, астма, стомачните проблеми, потење, па дури и гонореја. Со оглед на тоа што има антибактериски својства, се користи за третирање на инфекциски заболувања на белите дробови. Како диуретик, ја регулира бубрежната функција и го забрзува исфрлувањето на урина, им помага на органите за варење, а се користи и за лекување на воспаление на желудникот и цревата. За главоболка се препорачуваат здробените плодови во вид на облоги, кои се ставаат на челото.

smrekaОд клековача се прават облоги за настинки и ревматизам. Етеричното масло од смрека е особено ценето, бидејќи во мали дози го олеснува искашлувањето. Се користи за респираторно вдишување. Длабоко продира во кожата, а помага на ревматските зглобови. Најголемата количина на етерични масла во нашиот регион содржи смрека од Делиблатски песоци.

Плодот содржи смола, танини, восок, органски киселини и нивни соли, како и голем број на минерали, особено калциум, калиум, манган, сулфур. Во 100 грама младици на смрека има 97 мг витамин Ц.

Сепак смреката треба да се користи внимателно, бидејќи прекумерната употреба може да доведе до оштетување на бубрезите. Инаку, луѓето со осетливи бубрези не се препорачува чај и препарати на оваа билка, заради терпентин, кој може да предизвика иритација и воспаление на органот.

sirup-od-smreka-300x199

Не се препорачува за бремени жени поради тоа што може да доведе до контракции на матката.

Чај и сируп

Чајот се подготвува тако што лажичка направено пире од плодовите се прелива со 2 дл врела вода, садот се покрива на 5-10 минути. Потоа се цеди и се пијат најмногу две чаши на ден. Чајот по желба се засладува со мед или шеќер. Ако пиете против дијабетес или болести на желудникот и цревата, не се засладува.

Сируп за подобрување на апетитот се прави така што 500 g клека кратко се вари во три литри вода. Потоа се гмечат и повторно се варат со додавање на вода колку што е потребно. Добиената мешавина се цеди низ сито и се остава да се излади. За да се добие сируп, потребно е да се додаде мед, а потоа се става во тегли и добро се затвора. Да се подобри апетитот, на децата им се дава лажичка од сирупот три пати на ден, а на возрасните две.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top