Free songs
Home / сведоштва / Слеп прогледал иако немало никакви шанси – лекарите во шок

Слеп прогледал иако немало никакви шанси – лекарите во шок

Лекарите на Пол Хил од Халифакс во Велика Британија, му дијагностицирале слепило и му рекле дека не можат да направат ништо за да го подобрат видот, по што и самиот се убедил дека никогаш повеќе нема да може да ја види светлоста на денот. Тогаш се случило нешто што никој не го очекувал и што ниеден лекар, кој го лекувал, не можел да го објасни. Тој прогледал.

Slepac-cudom-progledao-lekari-u-sokuХил (46) почнал да го губи својот вид пред 10 години кога дегенеративната болест почнала да влијае на неговото лево око, а потоа се проширила.
И покрај бројните обиди на лекарите за да му го спасат видот, тој сепак минатата година ослепел.
„Лекарот ми рече дека е готово, не ми остана ништо што би можел да направи и дека ќе останам слеп. Ова беше голем шок за мене“, ијавил Хил.
Пол инаку татко на две девојчиња, кој работел во дигитален маркетинг, одбил да побара помош од пријателите и да се откаже од својата работа, но наместо тоа научил внимателно да го вози својот велосипед до фирмата.
За жал набрзо се соочил со уште еден шок. Бил прогласен за технолошки вишок.
И кога мислел дека повеќе нема надеж, се случило чудо и неговиот вид почнал да се менува.
„Мојот вид почна да се менува на подобро и потоа во целост се врати. Лекарот беше збунет остана без зборови. Медицинската сестра рече дека тоа е чудо“, изјавил Хил.
Тој мисли дека годините му помогнале за состојбата да му се подобри, затоа што оваа болест воглавно потешко влијае на постарите лица.
„По ужасно тешките години, можам да кажам дека дословно го гледам светлото на крајот од тунелот“, изјавил овој среќен човек.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top