Home / природен лек / Сируп од маточина – јакне крв, против надуеност, гадење….

Сируп од маточина – јакне крв, против надуеност, гадење….

Од маточината најмногу се цени листот, бидејќи во останатите делови има многу малку лековити состојки, освен во цветот, но бидејќи има многу малку цвет и нема некоја практична примена. Најважна лековита состојка на маточината е многу лесно испарливото мирисно етерско масло.

Лековито дејство:

MATOCINA 3Маточината е извонредно средство за сите срцеви заболувања. Го оживува и јакне срцето, а покрај тоа ја чисти и крвта. Маточината се препорачува при лекување на неуралгија, неуростенија, хистерија, хипохондрија, порементувања при менструацијата, грчеви поврзани со менструацијата, потоа при надуеност во органите за варење, грчеви во цревата, повраќање и пролив, желудечни тежини, гадење, повраќање на нервна основа, хроничен бронхијален катар, некои облици на астма, јачање на организмот и сите депресивни состојби.

Самиот лист на маточината, а уште повеќе помешан со други горчливи треви како (кичица, линцура, ајдучка трева, поддапче и др.) успешно се дава на слаби и слабокрвни за зголемување на апетитот, како дотаток на купките против неуралгија и реуматизам и др.

Етеричното масло од маточината  (кое се добива со дестилација со водена пареа на маточина покосена во фаза на цветање) има извонредно пријатен мирис, а се користи не само во фармацијата, туку уште повеќе во индустријата (при правење на парфеми) и козметиката. Особено се препорачува на бремени жени кои страдаат од повраќање. Чај од маточина засладен со мед необично поволно делува при несоница предизвикана од премореност и нервни пореметувања. Од маточината се припрема мелиса – екстракт кој служи за масажа или се пие разреден со вода, при што освежува и го отстранува телесниот и душевниот замор.

Сируп од маточина – moirecepti.mk

matocinaСостојки
  1. 1 китка маточина(околу 30 гранчиња)
  2. 2л вода
  3. 1кг шеќер
  4. 3 кесички лимонтус

Маточината се мие и заедно со се гранчињата се става во подлабок сад-да не биде пластичен (порцелански, бронзен или стаклен)
Водата се става да зоврие и така врела се налева врз маточината. Се покрива садот и се остава 12 часа да одседи.

Откако ќе одседи 12 часа се процедува, гранките убаво се цедат и кон течноста се додава шеќерот и лимонтусот. Се меша со дрвена лажица додека шеќерот се стопи, а потоа се собира во шишиња.

Се чува во фрижидер. Од оваа доза излегува околу 2,5 л сируп.

Чај од листови:

1 супена лажица се прелива со 200 милилитри зовриена вода.

MATOCINA 4 CAJЧајот се употребува против главоболка, слаби нерви, нервоза. Исто така поволно делува на ублажување на стомачни грчеви, срцеви болести, желудочни проблеми. Помага кај несоница, слабокрвност , го подмладува срцето и ја крепи душата.

Овој чај е посебно препорачлив за трудници и мали деца.

Маточината во себе содржи етерично масло со елементи на цитрол, гераинол, ланиол, хлорофил

ЧАЈ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ОТПОРНОСТА НА ОРГАНИЗМОТ

Се прави смеса од 100 грама мелиса, 100 грама кора од лимон и 100 грама кора од портокал. Откако сите состојки ќе се издробат, една кафена лажичка се попарува со 250 милилитри зовриена вода и се вари 5 минути. Се процедува и се пие пред јадење трипати дневно.

ЧАЈ ЗА СМИРУВАЊЕ

MATOCINA2Се прави смеса од 50 грама мелиса, 50 грама нане, 50 грама камилица и 50 грама валеријана. Од оваа смеса се зема една супена лажица и се попарува со 200 милилитри зовриена вода, се чува во покриен сад и по 3 часа се процедува. Се засладува со една супена лажица мед и се пие пред спиење по вечерата.

ЧАЈ ПРОТИВ ПОДУЕНОСТ НА СТОМАКОТ

Се попаруваат 100 грама мелиса и 100 грама нане со 400 милилитри зовриена вода и по два часа се процедуваат. Се пие по една мала чашка по јадење. Овој чај се употребува и за смирување и подобро спиење.

ВНИМАВАЈТЕ

Во нејзиниот состав се наоѓа и супстанцата цитрал, која има слабо токсично дејство. Ако пиете чај од маточина секој ден во континуитет 2-3 недели, може да се јави главоболка, вртоглавица и затнување на носот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top