Free songs
Home / Болести и лечење / Симптоми на менопауза

Симптоми на менопауза

Менопаузата е природна појава низ која поминува секоја жена кога ќе влезе во одредени години, што е воглавно помеѓу триесет и пет и педесет години. Повеќето жени се неспремни за појава на симптоми од ваков вид, па се создава паника бидејќи тоа го означува крајот на нивната плодност.

Иако симптомите се изненадни и траат одредено време, тие се потполно природни.

menopause-symptomsНередовен циклус

Нередовниот циклус е првиот и највообичаениот симптом на менопаузата. Тој е резултат на нестабилноста на хормоните во вашето тело, кои работат до крајот на вашата плодност.

Неудобност при спиење

Жените кои поминуваат низ менопауза може да патат од несоница, бидејќи не можат да спијат поради брановите на жештина кои одвреме навреме ги имаат. Освен снабдувањето на телото со етроген, и снабдувањето со прогестерон опаѓа во периодот на менопауза.

Вагинална сувост

Поради намаленото производство на естроген, кој е одговорен за одржување на влажноста на вагината, вагиналното ткиво почнува да се суши и станува помалку еластично.

Напнатост и депресија

Напнатоста и депресијата можат да ја совладаат жената која поминува низ менопауза. Вознемиреноста и чувството на губење на емоционалната стабилност се вообичаени симптоми, како и нападите на паника и физичките знаци како забрзана работа на срцето и отежнато дишење.

struktur-tubuh-menopause

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top