Home / Болести и лечење / Симптоми на алергиската реакција – лечење

Симптоми на алергиската реакција – лечење

Симптомите на алергиската реакција зависат од тоа каков алерген влегува во телото.На пример:полен кој се вдишува преку нос,обично причинува симтоми во носот, очите,и грлото.

alergijaНа сите ни е позната поленската реакција како алергиски ринитис или поленска грозница.Од друга страна алергијата на храна најчесто предизвикува проблеми во стомакот и цревата.Алергиската реакција често истовремено се појавувана различни делови на телото.

Симптомите на алергијата можат да варираат од благи,до тешки дури и по живот опасни.Тие можат да се поделат зависно на тоа на кои органи им влијае.Тие се:

· Кожа:коприва,екцем и отекување на лицето

Дичните патишта:нос(поленска грозница),грло(отекување),белите дробови(кашлање,тешко дишење,бронхопнеумонија)
Гастроинтестиналниот систем:мачнина,повраќање,болки во стомакот,пролив
Срцев-венски состав:осет на исцрпеност,слабост,бледило,несвестица
Симптомите на алергија можат да бидат локални – на пример:Отекотини предизвикани со каснување на пчела,или општи (распространети по целото тело)

Анафилаксија е општа алергиска реакција,која ги зафаќа дишните патишта и/или срцевите-венски состав,кожа и/или гастроинтестилниот тракт.

Најчестите алергени

Алергените се работи кои можат да предизвикаат алергија,обично не се штетни за човекот.Најчести елергени се:

· Поленот

· Мачките и другите животни,пример:кушиња,коњи,зајаци,прасиња

· Храна како што се кикириките,јајцата,сојата,кравјото млеко и морските плодови

· Каснување од инсекти

· Лекови

· Мувла

· Латекс

Алергените,кои се пренесуваат со воздухот се:полен,влакна од животни,мувла итн.Вдишувањето или допирот со таквиот алерген предизвикува осип,потекување на очите,поленска грозница или астма.Таквите алергени многу ретко предизвикуваат анафилаксија.

Прехрамбените алергени се внесуваат преку храна.Било која врста на храна може да предизвика алергиска реакција.Најчести прехрамбени алергени се:

HRANA_ALERGIЈајцата,кравјото млеко,кикирики,соја,пшеница,семки,риба и школки.

· Јајцата и млечните производи се најчести причини за алергија кај малите деца

· Кикирики и морските плодови најчеста причина за алергија кај постарите деца и возрасните

Алергијата на храна може да предизвика локална и цела алергиска реакција,вклучувајќи и анафилаксија.

Другиот алерген – отров од инсекти,на пример:пчела,оса,влегува во телото преку вбризгување.Отровот на секој инсект е различен,затоа алергичната особа на отровот од еден инсект не мора да биде алергична и на отровот на друг инсект.

Каснувањата од инсектите можат да предизвикаат алергиска реакција,која понекогаш трае и до неколку дена,или брза дирекна реакција вклучувајќи и анафилаксија.Поради тоа што отровот е дирекно вбризган во крвта и реакцијата може да биде побрза.
Кај каснување од пчелите на местото останува (иглата) со отровот.Да го избегнете ширењето на отровот пробајте да ја извадите.Внимавајте да не ја скршите при вадење.

Лекарствата,како класичните така и растителните исто така можат да предизвикаат алергиска реакција.Најчест алерген е пеницилинот.

Истражувањата на британските научници покажуваат дека за период од 1990 до 2001 година бројот на луѓето која страда од алергија се зголеми за 7 пати.

Пред 100 години зборот „АЛЕРГИЈА“не ни постоел

Во 1950 година,секој седми Американец имал алергија.Во 1970 ја имаше секој петти,а во 1985 секој трети.

Лекување на алергија Веќе сигурно сме слушнале дека класичната медицина алергијата не ја лекува.Сите лекови за алергија делуваат на таков начин,да ги отклонуваат или ублажуваат симптомите на алергијата.

alergiiТаквите лекарства ја блокираат реакцијата на имунолошкиот систем или во потешки случаеви,ја потиснуваат работата на целиот имунолошки систем со помош на локални и системски стероиди.Иако ваквиот пристап може да помогне,тој нуди само ублажување на симптомите и ништо не превзема како би се решила причината на болеста.

Пациентите зависат од своите лекови и патат од многу нуспојави.Најлошо од сето тоа е што пациентите нон-стоп го потиснуваат нивниот имунолошки систем,со што се влошува уште повеќе нивната здраствена состојба.
Најнови истражувања
Многу доктори пробуваат да ја пронајдат причината за алергијата,како би направиле лек за милиони луѓе кои страдаат од алергиските реакции.

Во последно време се направени многу истражувања.Некои резултати ја представуваат алергијата во ново светло:

– Пронајдена е поврзаноста на алергијата со паразитите.Паразити,кои се наогјаат во цревата на човекот,испуштаат токсичен отпад,кој го нарушува нормалното работење на имунолошкиот систем и го започнува циклусот на алергија

– Потврдено е дека здравата микрофлора на цревата и желудникот е пресудна за спречување на алергиите.Добрите бактерии природно го штитат телото од паразити,вируси и бактерии.Здравата микрофлора го зајакнува имунолошкиот систем и го стимулира неговата нормална работа.

– Научниците претпоставуваат,дека за алергените се криви загадениот воздух и храна,претераното користење на лекарства,вакцини и нездрав начин на живот.

Овие податоци се доста интересни бидејќи се сложуваат со тврдењето на алтернативните доктори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top