Free songs
Home / Болести и лечење / Што да јадете ако имате Helicobacter pylori

Што да јадете ако имате Helicobacter pylori

Речиси 70% од луѓето ја имаат познатата бактерија Helicobacter pylori, но ретко кој знае која храна смее, а која не смее да ја консумира. Постојат одредени производи кои можат да помогнат при лекувањето на оваа бактерија, а еден од тие е брокулата.

_Upload_Vesti_zeludnikbrokula_2013912121322

Чудотворната брокула 
Сè почесто, Helicobacter pylori се лечи со терапија од антибиотици, па затоа секоја природна помош е добредојдена. Последните студии покажуваат дека брокулата содржи сулфорафан, состојка која може да го спречи развивањето на бактеријата. Позитивни промени се забележани и кај луѓето и кај животните, а преку секојдневно консумирање на брокулата, се внесуваат доволни количини на фитохемикалии. Сулфорафанот е присутен и во некои други производи како што се ротквиците и зелката, па можеби тоа докажува зошто свеж сок од зелка помага во лекувањето на гастритисот.
Бактериите не ги сакаат брусниците
Брусниците се познати по нивната делотворна примена врз уринарниот тракт и во нивната улога при намалување на бактериите и инфекциите. Но, овие бобици заслужуваат поголема популарност. Истражувањата покажаа дека благодарение на витаминот Ц и антиоксидансите, кои ги содржи брусницата, се спречува ширењето на бактериите во желудникот. Исто така, сокот од брусница им помага на антибиотиците да ја уништат Helicobacter pylori. Во истражувањето, кое е спроведено во 2007 година, учествувале 177 заболени пациенти. Резултатите покажуваат дека пиењето сок од брусница за време и по терапијата со антибиотици во времетраење од недела дена, ги зголемуваат шансите за искоренување на бактеријата за 10%.
Маслиново масло за здравје
Маслиновото масло е моќно оружје против бактеријата Helicobacter pylori. Благодарение на богатството од антиоксидансите, маслиновото масло има антибактериско делување. Фенолните компоненти на маслиновото масло со часови остануваат непроменети и стабилни опколени со киселите желудочни сокови, па така повеќето состојки од маслото може да издржат и во оваа средина. Иако не е позната точната количина за делувањето на маслото, истражувачите веруваат дека секојдневната консумација во мали количини е сосема доволна во борба против бактеријата.
Зелениот чај – познат антимикроб
Зелениот чај не само што е добар да се консумира секојдневно, туку има и антимикробно дејство врз уништувањето на желудочната бактерија. Чајот ја инхибира активноста на ензимите потребни за намалување на бактеријата и истовремено штити од бактериите. Една студија покажа дека внесувањето на зелен час во организмот делува превентивно за какви било бактерии во желудникот. Препорачаната секојдневна доза сè уште не е позната, но според истражувачите 3 дл е сосема доволно за заштита.
Алфа
Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top