Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!
Free songs
Home / Болести и лечење / Шкрипите со забите – може да ви предизвика сериозен проблем

Шкрипите со забите – може да ви предизвика сериозен проблем

Бруксизам е стручен израз за прекумерно, форсирано стискање и шкрипење на забите. И покрај тоа што шкрипењето може да се случи во секое време од денот, сепак најголем број луѓе шкрипат додека спијат. Оваа навика често е поврзана со емоционален стрес, анксиозност, страв или замор при што стискањето на забите е несвесно проследено со силни движења на долната вилица лево-десно, напред-назад при што доаѓа до шкрипење и трошење на забите. Бруксизмот е честа појава која се појавува кај возрасни и кај деца без разлика на полот. Пишува д-р Нина Митева, стоматолог…

Зошто бруксизмот може да преставува сериозен проблем?

fotografije-za-tekstove-bruksizmХроничното шкрипење со забите може да предизвика трајно оштетување на забите вклучувајќи пукање на забната глеѓ, излижани (изабени) забни површини, расклатени заби, скршени заби или забни коронки, како и оштетување на потпорното ткиво околу забите и пореметување и болки во виличниот зглоб.

Доколку ништо не се превземе против оваа штетна навика, наречена бруксизам таа може да доведе и до јако осетливи заби, болки во зглобовите, ушите и тапи главоболки.

Како да откриете дека шкрипите со забите?

bruksizam zabi2Бидејќи шкрипењето се јавува ноќе повеќето пациенти не се свесни за овај проблем додека партнерот не ги опомене или додека не почувствуваат некој од симптомите.

Доколку се посомневате обратете се кај својот соматолог за да ги санира настанатите и да ги спречи подоцнежните оштетувања.

Совети и терапија

Избегнувајте храна и пијалаци кои содржат кофеин, чоколада и кафе, избегнувајте го алкохолот. Не џвакајте моливи и пенкала и редуцирајте ја употребата на гумите за џвакање.

Во консултација со стоматологот во зависност од возраста и степенот на штетата ќе се преземат соодветни мерки.

Најчесто се препорачуваат миорелаксантни лекови, релаксациони вежби, ортодонтска терапија и најупотребувани се силиконски штитници за заби night-guard tray .

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top