Free songs
Home / нови лекови / Секое второ бебе родено по 2014 ќе доживее 100 години

Секое второ бебе родено по 2014 ќе доживее 100 години

Секое второ бебе кое ќе се роди после 1 јануари 2014 година најверојатно ќе доживее  100 години, тврдат аналитичарите од осигурителното друштво „Алијанс“ врз основа на статистичките пресметки.

bremena-bebe-300x257Околу 80.000 деца во 2014 година ќе бидат родени во Австрија, а доколку се покажат точни пресметките „Алијанс“, 40.000 од нив ќе ја прослават 2114 година.

Статистички гледано, како што јави виенскиот дневник „Естерајх“ според прогнозите на „Алијанса“, 40 отсто од децата родени во 2014 година ќе завршат матура и ќе апсолвираат на студии.

До влегувањето во работниот живот (2037) тие, како што се прогнозира, ќе затекнат оптимални предуслови.

Поради постојаното стареење на населението во индустриските земји и постојаното намалување на наталитетот ќе владее акутен недостиг на стручна работна сила.

Добро образованите, родени во 2014 година ќе можат според „Алијанса“, ширум светот да бираат работа која ја сакаат.

Само во 2050 година 12.000 Австријци ќе имаат повеќе од 100 години, произлегува од прогнозата.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top