Free songs
Home / нови лекови / Се тестираат хемикалии кои можат да ги избришат сеќавањата

Се тестираат хемикалии кои можат да ги избришат сеќавањата

Научниците почнаа да тестираат хемикалии кои можат да ги избришат, па дури и повторно да ги напишат сеќавањата на стресни и страшни ситуации, пренесува МИА

20130206-pronajden-centarot-za-zlo-vo-mozokot-promenata-na-frontalniot-mozok-se-naogja-kaj-site-psihopati-1-300x195Потенцијално штетните сеќавања на трауматични настани можат да формираат спомени кои ни го обликуваат животот. Научниците се надеваат дека еден ден ќе можат да помогнат во откривање на медицински третмани за луѓе кои патат од пост-трауматско стресно пореметување ПТСП или се борат со зависности.

За да демонстрираат како влијаат сеќавањата, научниците од Универзитетот Вашингтон побараа од возрасни волонтери да одговорат на анкетни прашања за своите прехранбени навики или навики на консумирање на алкохол во периодот пред 16 години. По една недела им ги врачиле анализите во кои намерно со грешка навеле дека се разболеле бидејќи како тинејџери пиеле рум или водка. Еден пет анкетирани не ја воочиле оваа лага, туку се присетиле на овој инцидент.

Студии како оваа можат да помогнат во откривање на нови можности за лечење на проблеми со менталното здравје, наведе Популар Сциенце.

ПТСП и зависностите се темелат на сеќавања кои можат да предизвикаат проблематични однесувања, како желба која се појавува само гледајќи прибор за консумирање на дрога или чувство на ужасен страв од слушање на гласни звуци.

Експериментите на глувци биле успешни. Останува да се види како ќе реагираат луѓето.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top