Free songs
Home / Болести и лечење / Се смрзнувате штом ќе излезете надвор? еве зошто

Се смрзнувате штом ќе излезете надвор? еве зошто

Сакате да го победити зимскиот студ? Не носете волнена капа, пијте кафе без кофеин… Стручњаците откриваат што навистина ќе ве згрее.

Не претерувајте со греењето дома

cold1Кога зиме ќе излезете од прегреана куќа на ладно, тоа може да предизвика промена во ситните крвни жилички, па кај почувствителните луѓе може да дојде до појава на Рејнодова болест – ситните крвни жилички ќе почувствуваат моментален грч, па рацете и нозете остануваат “без крв“ и чувствувате голем студ и болка.

Затоа не треба да се прегрева домот, температурата всушност би требала да биде помеѓу 18 и 20 степени.

Пијте кафе и чај без кофеин

Кофеинот ги блокира рецепторите во крвните садови и попречува тие да се стегнат кога е ладно. Бидејќи нервните садови остануваат проширени, побргу ја губите топлината. Значи кафе со кофеин пијте само ако цел ден ќе останете дома, во топло.

Не ставајте ги рацете во џебови

Издржете и не ги ставајте рацете во џебови. Наместо тоа, најприродно замавнувајте со нив додека чекорите. На тој начин мускулите на рацете ќе работат, ќе ја подобрите циркулацијата и рацете ќе ви бидат потопли.

Внесувајте повеќе протеини

Варењето на храна богата со протеин ја подига телесната температура подобро отколку јаглерохидратите или мастите.

Не носете волнена капа

cold11Изберете капа која ги покрива и ушите затоа што тие се тенки, ама имаат голема површина и така лесно ја губат температурата. Некои стручњаци препорачуваат место волнена капа да носите капа од полиетилен терефталат, кој е синтетичка алтернатива на волната. Овој синтетички материјал е полесен, подобро изолира и се користи во изработката на многу зимски производи.

Дишете низ нос

Ноздрите се филтри во кои се загрева воздухот пред да влезе во белите дробови. Ако дишете на уста, ладниот воздух влегува без загревање.

Кремовите за лице ќе помогнат

Ако ве мачат егземи или дерматитис, по ладно време нанесувајте повеќе крема. Воспалената кожа губи повеќе топлина.

Згрејте ги чевлите на радијаторот

Ако тргнете надвор со топли нозе, поголеми се шансите тие такв и да останат.

Купете си стол за нишање

Така ќе ја генерирате енергијата додека седите. Имено, кога сме неподвижни, телесната температура паѓа. Но лулајќи се на столот, ги активираме големите мускулни групи на рацете и нозете, тако да полесно ја одржуваме циркулацијата и топлината.

Дружете се

Ако излезете надвор со друштво или ако дружењето го организирате во својот дом, ќе ви биде потопло отколку кога сте сами. Ова го открија стручњаците од Универзитетот во Торонто, кои испитуваа како осаменоста делува на луѓето. Се покажало дека таа создава чувство на студ.

Сеќавајте се на добрите денови

Истражувањата спроведени на Универзитетот во Саутемптон покажа дека потсетувањето на среќните моменти од минатото создава субјективно чувство на топлина на просторот.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top