Free songs
Home / Болести и лечење / Се чуствувате лошо, ве истоштува сонцето, топлото време може да ве разболи – еве што веднаш да направите

Се чуствувате лошо, ве истоштува сонцето, топлото време може да ве разболи – еве што веднаш да направите

Хроничната дехидрација на човечкото тело што ни се случува речиси на сите поради недоволното консумирање на оваа течност може да се манифестира на начини колку што има болести, тврди д-р Феридун Бастманжелиџ, граѓанин на САД, роден во Иран во својата книгата “Телото е жедно за вода”.

За жал, тврди тој, оваа едноставна вистина никако да пристигне до луѓето поради трговски ориентираниот фармацевтски систем.

pijte-voda– Сепак, нема разумна причина десетици милиони луѓе од современото општество да бидат третирани со лекарства кога едноставно страдаат од обезводнување или дехидратација – пишува д-р Бастманжелиџ.

Жед и болест

Само кога ќе почнете да страдате од здравствен проблем, кој евентуално ви го загрозува животот, започнувате да барате образложение и решение за него на сите можни начин, пишува тој во книгата “Телото е жедно за вода”.

“Современите општества трошат многу пари на здравствените системи, а според процените, вложувањата во здравството годишно ќе растат просечно по 11 отсто за секоја од годините што следуваат. Не сме нација со најголеми научни постигнувања и секојдневно трошиме милијарди долари за лекување во медицината. Ако прегледате кој и да е од неодамна објавените учебници, ќе најдете многу страници со објаснувања за фатално завршените болести за кои причините се објаснуваат со фразата етиологија – неизвесна. Тоа означува дека повеќето лекари и не знаат какви се причините за болестите на луѓето, иако општеството им дало лиценца да ги лекуваат”, пишува иранскиот лекар од САД, предлагајќи нова и едноставна теорија со лек што практично секојдневно го консумираме. Но, очигледно недоволно.

simptomi_dehidracije_news_pic“Ова е ново разбирање кое дава поинакви перспективи во физиологијата, но не на нејзината форма, искористена од производителите на лекови, туку на научната дисциплина која ги дефинира причините по кои функционираат органите во организмот. Најголемата трагедија во историјата на медицината, според мене, е сфаќањето дека сувоста на устата е единствен знак за потреба на телото од вода. Тоа погрешно уверување е одговорно за неразбирањето на различни здравствени проблеми, кои водат до предвремена смрт на многу милиони луѓе. Тие страдаат зашто не знаат дека се жедни”, тврди д-р Бастманжелиџ.

Опасната дехидратација

Неговите тези се засновани на опширни клинички и научни истражувања. По завршувањето на медицинското образование, кое го почнал во 1950 год. во универзитетската болница “Света Мери” при лондонскиот универзитет, тој 22 години се занимавал со научни истражувања и пишувал за овие прашања. “Темата е физиолошките отстапувања и метаболистичките усложнувања на хроничната дехидратација како прва причина за сериозни заболувања. Според некои тоа разбирање е најголемото научно постигнување во современата медицина. Настојувачкото едноставно објаснување на некои од здравствените проблеми на современиот живот претставува вовед во евентуална стручна, научна и логично заснована глобална промена во медицината”, пишува Бастманжелиџ.

drinking_water-300x200

Современата научно засновена медицина, според него, е изградена врз една грешка од пред многу години. Во 1764 година Германецот Албрехт фон Халер прв ја определил сувоста на устата како белег на жедта. Во 1918 година англискиот лекар Волтер Бредфорд Kенан го поткрепил ова сфаќање. Но, малку пред тоа, во 1867 година, Французинот Мориц Шиф искажал мислење дека жедтта е општо чувство, а не локално како гладот.

Денес, смета иранскиот лекар, знаеме дека Халер и Kенан не се во право, но дека таквите мислења се вкорениле во инфраструктурата на медицината и дека се предаваат од поколение на поколение на студенти по медицина до денешни дни.

Според Бастманжелиџ, тој традиционален приод во научното разбирање за регулација на водата во човечкиот организам го искривил одот на медицината. “Шиф имал поправилно разбирање за функционирањето на човечкото тело.

Логиката на човечкиот организам е различна. За да може храната да биде изџвакана и проголтана, се произведува обилно количество плунка, дури и ако во преостанатиот дел од телото има недостиг на вода. Водата е многу важна за организмот за да биде сувоста на устата единствениот сигнал за нејзиниот недостиг. Човечкото тело дава многу сигнали за тоа. Тоа може да страда од тешка дехидратација без да има сувост во устата. Дехидратацијата може да се пројави со тешки симптоми, доволни за животозагрозувачки кризи. Современата медицина ги меша тие симптоми на внатрешно локално пресушување и ги определува како различни болести. За лекувањето на тие болести се препишуваат токсични лекови и не се обраќа внимание на дехидратацијата. Сувоста на устата е еден од најдоцна појавувачките индикатори за дехидрирање на телото. До појавата на тој индикатор за недостиг на вода многу деликатни функции на организмот се веќе подготвени за исклучување. Дехидрираниот организам ги губи совршенството на функциите и приспособеноста”, пишува Бастманжелиџ.

Две улоги

Голема грешка во научната медицина е сфаќањето дека водата е едноставна супстанција, кој служи само за растворување и за разнесување на состојките низ организмот, тврди д-р Бастманжелиџ.

“Водата не е инертна супстанција. Таа исполнува две основни улоги во организмот: првата е животоподдржувачка, а втората, што е поважна, е животосоздавачка. Современата медицина признава само својства на водата како поддржувач на животот поради што хроничната дехидратација не се открива како дијагноза што може да доведе до животозагрозувачки процеси”, смета овој лекар.

Според него, уште една грешка во современата медицина е сфаќањето дека човечкото тело е во состојба ефикасно да го регулира примањето вода во текот на целиот живот.

“Со стареењето го губиме чувството за жед и престануваме да пиеме доволно вода. Kако резултат на тоа клетките во важните органи се збрчкуваат, почнуваат да личат на сушена слива и не можат да го поддржат соодветно животот на тие органи”, пишува Бастманжелиџ.

Голем проблем, според него, е и тврдењето дека секоја течност може да ги задоволи потребите од вода на телото. Тој тврди дека некои од најискористуваните напивки на модерното време не ја исполнуваат функцијата на обичната вода. Некои содржат кофеин, дури и кокаин.

“Новото научно разбирање е дека хроничната дехидрација на човечкото тело може да се манифестира на толку начини колку што има болести. Но, ако се открие едноставната вистина за водата, фармацевтската индустрија сосема ќе пропадне”, пишува Бастманжелиџ.

СИГНАЛИ за недостиг

Суштината на теоријата на д-р Бастманжелиџ накусо може да се образложи вака:

– Човечкото тело има многу различни начини да ги манифестира општите и локалните потреби за вода.

– Сигналите за недостиг на вода во телото се индикатори за некоја болна состојба.

– Официјалната медицина, проектирана и згрижувана од фармацевтската индустрија, ги игнорира тие индикатори и ги означува различните усложнувања од дехидратацијата, како болестите.

“Разбирањето на суштественоста на хроничната дехидратација ќе го расчисти патот за создавање многу попријателски здравствен систем. Можно е според моите пресметки нацијата да стане многу поздрава и попродуктивна и тоа со користење само 30 отсто од вложуваните пари во здравството”, тврди Бастманжелиџ.

– Иако сме во 21 век, пројавите на регионалната дехидратација с` уште се несоодветно разбрани од лекарите. Тие наводно продолжуваат да бараат решение. Медицината не успеала да ја намали фреквенцијата на појавата на болестите, ама продолжува со потрага по нови лекови. Во името на медицината, всушност, сме создале скап хаос, чиј крај не се гледа. Исправени сме пред проблем кој бара решение. А ве потсетувам на изреката на Ајнштајн, кој мислел дека важните проблеми пред кои сме исправени не можат да бидат решени на истото ниво на размислување на кое сме ги создале. Очигледно за решавањето на здравствените проблеми ни треба нов приод во медицинската наука. Цврсто сум уверен дека идната практика на клиничката медицина ќе се преструктуира врз основа на разбирањето на молекуларната физиологија на дехидратацијата. Восприемањето на тоа разбирање ќе ја промени фундаментално парадигмата на медицината како наука. Фармацевтскиот приод во нивното решавање ќе биде заменет со методи на физиологијата за засилување на едноставните оздравувачки сили на организмот – вели Бастманжелиџ.

Физиологијата е запоставена

Човечкото тело се состои од 75 отсто вода и 25 отсто цврста материја. Дури 85 проценти од составот на мозокот е вода и тој е особено чувствителен кон какво и да е спуштање на нејзиното количество. Мозокот е потопен во солена церебрална течност.

“Хемиското разбирање на телото довело до целосна концентрација на истражувачката работа во медицината врз молекуларниот состав и незначителното варирање во цврстата материја на телото. Така се оформило хемиско-фармацевтското сфаќање за човечкото тело, кое резултирало со развој на медицинско-индустрискиот систем. Придржувањето кон разбирањето дека цврстите состојки на телото ги раководат сите негови функции е сврзано со распространување неточни информации и придонесува за постојниот хаос во медицината. Практичната клиничка медицина не ги користи значајните постигнувања на физиологијата”, пишува овој ирански лекар.

Водозависни сме

Улогата на телесната вода за животот на сите биолошки видови, вклучувајќи го и човекот, не се променила со текот на времето.

“Животот се развил во вода, а преминувањето кон живот на суво, во непосредна близина на вода, било стресно искуство. За справување со тој стрес постепено се создавале системи за запазување на телесната вода и системи за контролирање на обезводнувањето. Телото почнало да се адаптира кон привремена дехидратација. Со текот на времето процесот за контрола на обезводнувањето станува постојан и денес го установуваме како проблем. Дури и денес кога луѓето се изложени на стрес на физиолошко ниво, настанува промена во процесот на водната регулација. Изгледа дека ништо не се променило со текот на времето”, пишува Бастманжелиџ.

***Kога ќе почувствуваме сувост во устата, телото веќе има дефицит од 2 до 3 чаши вода. Ако ја заситите жедта со една чаша вода, недостигот од 2 чаши останува незадоволен. Тој кусок се зголемува со текот на годините.

***Некои општи симптоми што често ги чувствуваме, според иранскиот лекар, се сигнали за дехидратација:

чувство на беспричински умор
зацрвенето лице
лесна раздразливост и прекумерна избувливост
чувство за напрегнатост
депресија
чувство на тежина во главата
нарушување на сонот (особено кај повозрасните)
неосновано нетрпение
кратко задржување на вниманието
недостиг на воздух
силна желба за кафе, газирани пијалаци и алкохол
сонување вода

Водата против астма и алергии

Астмата и алергиите, тврди д-р Батманжелиџ, може да бидат санирани со примање повеќе вода. Тој сугерира ова тврдење да се провери искуствено – без лекарства и бесплатно. Водата ќе предизвика продукцијата на хистамин да се пренасочи зашто тој има основна улога во водната регулација и во телесните програми за контрола на обезводнувањето на организмот. Луѓето што страдаат од астма или имаат алергични реакции на полен треба да обрнат внимание на секојдневното примање соодветно количество вода со малку додадена сол. Треба да престанете да пиете кафе и алкохол, барем додека ги отстраните овие тешкотии.

Ја коригира работата на срцето и на бубрезите

Тие што имаат нарушена работа на срцето и на бубрезите треба да започнат да пијат по две чаши вода половина час пред секој оброк и по една чаша два и пол часа по оброкот. Зголемувајќи го примањето на вода ќе треба да се зголемат и количествата примена сол за да го компресирате излачувањето, но и зголемената продукција на урина.

Dnevnik

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top