Home / аларм / Сакате да сте здрави – избегнувајте ја оваа храна

Сакате да сте здрави – избегнувајте ја оваа храна

Овие намирници се порок за повеќето луѓе кои патат од порокот кој ни е познат на сите – нездравата храна. Како и за оние кои се вечно во гужва и немаат време да се хранат здраво.

Еве 5 намирници кои треба да ги одбегнувате:

stetni-namirnici-zdravje-011.Бел леб

Сортиран во сите пекари и продавници, но тој нема никаква хранлива вредност. Лебот содржи многу шеќери и нема моќ да го засити организмот.

Дури и лебот кој тврдат дека е пченичен, содржи повеќе шеќер отколку зрна. Тестото се сместува во еден од најголемите непријатели за сите луѓе кои секојдневно натрупуваат масни наслаги во својот желудник. Лебот можете да го замените со тортиља или салата.

stetni-namirnici-zdravje-022.Пржена храна

Сите знаеме дека пржената храна е нездрава и дека треба да се одбегнува. Меѓутоа, пржената храна секогаш ја поврзуваме со рестораните, брзата храна, а не сфаќаме дека ја конзумираме и на својата трпеза.

Одбегнувајте да го пржите секој оброк, размислете за печење или варење наместо тоа. Пржената храна не е хранлива, а може да предизвика и висок крвен притисок и високо ниво на холестерол.

3.Бел ориз

stetni-namirnici-zdravje-03Заедничка состојка на многу рецепти и популарен додаток во многу јадења е оризот. Повеќето луѓе мислат дека оризот е здрав, но белиот ориз може да предизвика складиште на масти во вашиот организам. Исто така, нема хранлива вредност, но во организмот претставува спротивен ефект.

Кафеавиот ориз е најдобра опција кога станува збор за ориз бидејќи е збогатен со влакна, витамини и хранливи материи. Исто така ќе ве засити, така што се помали шансите да се прејадете од него.

4.Внимание! Високо калоричен глукозно-фруктозен сируп

stetni-namirnici-zdravje-04Глукозно-фруктозниот сируп претставува опасност не само за нашата линија, туку и отров за нашето тело. Мозокот не ја доживува фруктозата како храна.

Единствената разлика помеѓу шеќерот и сирупот е во тоа што фруктозата во нашите црева стигнува многу побавно од шеќерот, а потоа уште побавно влегува во крвотокот. Производителите на слатки производи често користат сируп бидејќи е значително поевтин од шеќерот, и го продолжува рокот на траење на производите. Нормално, ваквиот адитив е добредојден во светот на брзата храна.

stetni-namirnici-zdravje-055.Салами, колбаси, паштети и нарезок

Сите овие намирници содржат ткн. сокриена маст. Се чини дека јадете месо, а всушност од вкупната количина, 40 посто секогаш е свинска маст, внатрешна маснотија и свинска кожа. Разните адитиви се зазлужни за оваа успешна измама.

Со одбегнување на овие намирници можете да го изгубите вишокот на килограми и со самото тоа да продолжите со патот до здрава исхрана. Не дозволувајте овие намирници да се вовлечат во вашата редовна исхрана и пронајдете здрава замена за нив. Вашето здравје и телесната тежина ќе ви бидат благодарни.

tocka.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top