Free songs
Home / природен лек / Рогач: Природна замена за шеќер што штити од рак на матката

Рогач: Природна замена за шеќер што штити од рак на матката

Рогач е тип на дрво дрво, чијшто плод го носи истото име. Ова растение го има на поширокиот појас на Медитаранот, во Израел и Кипар. Станува збор за зимзелено дрво од фамилијата на мешунки. Има медитеранско потекло, а се одгледува од многу одамна и е познат е уште како „леб на Свети Јован“ затоа што, според преданијата, Јован Крстителот, додека живеел во пустина, се хранел токму со рогач. Дрвото може да достигне височина од 10 м, може да живее и до 100 години, а цвета и дава плод дури по 6 години откако ќе се насади. Тоа е единствено дрво на Средоземното море кое цвета на есен, поточно во октомври, а во пролет ги дава своите плодови.

rogac2Латинско име на ова дрво е Ceratonia siliqua, а грчко име е keratos (кератос) што значи рог (од таму и  името рогач). Името го добило според формата на плодот (изгледа како рог). Уште во тие дамнешни времиња било утврдено дека семето на расцутеното дрво по тежината не се разликувале едни од други, според тоа тие биле спремни да претставуваат природни мали тегови. Се претпоставува дека siliqua подоцна станала позната како карат во чија основ лежи истиот израз “keratos” (првото потекнува од латинското име на дрвото, а второт од грчкото име).

Во Израел, од плодовите произведувале мед и вино, на листовите пишувале, од листовите и кората на дрвото добивале танини (се користи при штавење на кожата), а од дрво се правел мебел, алатки и скулптури. Во Израел, можете да се купат скапи подароци, украсени со ова дрво или неговите плодови. Една од добрите особини на рогачот е тоа што може да остане на дрвото со години и при тоа да не ги изгуби ценетите особини.

Рогачот е толку ценет, па дури и се смета за свето дрво, бидејќи е многу отпорно на разни штеточинки. Нема потреба од прскања со разни хемикалии, а тоа значи здрав еколоши продукт. Кората и листовите па и самото дрвото имаат лековити својства и се користат за подготовка на разни екстракти кои помогаат во борбата со настинки, бронхијални и белодробни заболувања, како и дигестивни нарушувања.

Рогачот се користат како лек за внатрешни повреди, рани во устата, кашлање, проблеми со дишењето, па дури и дијабетес.

Како да се користи ова ценето растение?

Плодовите се јадат и се многу хранлива, а од семките се приготвуваат напитоци слични на кафето. Од рогачот може да се користат и мешунките и семките. Се употребуван и како засладувач и како замена на какаото.

Плодовите се богати со прехранбени влакна (пектин и лигнин), кои ја  подобруваат флората во дигестивниот тракт, ја намалува количината на штетни бактерии, а и го намалуваат нивото на холестеролот. Покрај тоа, тие ги отстрануваат тешки метали и токсични материи од организмот. Постојат докази дека плодовите на рогачот ја спречува појавата на рак и помага за добро функционирање на срцето и бубрезите.

Последното објавено истражување за рогачот од март оваа година во списанието Plant Foods for Human Nutrition се вели дека рогачот има и извонредни цитотоксични својства и со тоа делува превентивно од рак на матката.

Lady.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top