Free songs
Home / нови лекови / Родено првото бебе со три биолошки родители

Родено првото бебе со три биолошки родители

Ограничените детали за раѓањето на ова бебе се откриени пред почетокот на Конгресот на Американското здружение за репродуктивна медицина, што ќе биде одржан следниот месец и на кој подетално ќе се дискутира за оваа тема. Според критичарите, постапката се сведува на генетска модификација на луѓето или дури „играње Господ“. Меѓутоа, поддржувачите велат дека тоа ќе им овозможи на жените со одреден вид генетско заболување да имаат здрави деца.

Bebe DNK 1Во Извештајот во списанието „Њу саентист“ се наведува дека бебето се вика Ибрахим Хасан. Неговите родители се Јорданци, а процедурата во Мексико ја спровеле стручњаци од САД. Мајката на Ибрахим, Ибитсам Шабан има Леи синдром, фатално растројство кое влијае на развојот на нервниот систем и кој таа би го пренела на своите деца. Иако Ибитсам е здрава, нејзините две деца починале поради последици од наследната болест. Девојчето живеело до шестата година, а момчето имало само осум месеци кога починало. Мајката имала и четири спонтани абортуси. Постојат различни начини на креирање на таканареченото бебе од три родители.

Техниката што ја користел доктор Џон Занг и неговиот тим од клиниката за плодност во Њујорк вклучува земање јадро од јајце клетката на госпоѓа Шабан која ја содржи нејзината ДНК и потоа ја всадува во јајце-клетката на донор, чие јадро е отстрането, но која има здрава митохондриска ДНК. Сето тоа се прави пред да се изведе ин витро оплодувањето со спермата на таткото. За разлика од обичната ДНК, која поседува информации кои не прават такви какви што сме, митохондриската ДНК обезбедува сила за клетката. Повеќето научници од ова област инсистираат на тоа дека терминот „три родители“ е неточен, бидејќи значаен дел од ДНК е всушност од две лица. Доктор Занг изјавил дека тој и неговиот тим заминале во Мексико каде што нема правила, бидејќи оваа техника се уште не е одобрена во САД.

Многумина научници кои работат со децении на оваа проблематика ја поздравиле веста за раѓањето на бебето со три родители со помош на новата техника. Првите обиди во лабораториите на оваа тема се направени уште во 1990 година. Професорот Берт Смитс, директор на Геноm центарот воМастрихт изјавил: „Конечно, по митохондриската донација е родено првото дете чија мајка има ДНК мутација. Со овој потфат се отвора ново поглавје во медицината, па од сега ќе може да им се помогне и на други семејства со дефектни митохондрии.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top