Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!
Free songs
Home / аларм / Ретка болест во Словенија: прв потврден случај на бабезиоза кај човек

Ретка болест во Словенија: прв потврден случај на бабезиоза кај човек

Во Словенија бил забележан првиот случај на заболување на човек од бабезиоза, ретка болест слична на маларијата, која во некои случаи, ако не се лекува, може да биде смртоносна, пренесува Индекс.

Станува збор за инфекција со паразити од родот бабезија што ги пренесуваат болви и ги напаѓаат црвените крвни зрнца, а инаку е присутна главно кај животните. Во Европа се забележани само неколку десетици случаи на пренесување бабезиоза на луѓето, пишуваат денес словенечките медиуми.

babeziozaДека станува збор за прв случај на пренесување на таа ретка болест на човек во Словенија било утврдени до анализа на крвта на пациентка која неодамна била примена во болница во Мурска Собота. Таа имала висока температура, мачнина и болки во мускулите.

Во крвта ѝ биле пронајдени паразити – предизвикувачи на бабезиозата, што го потврдила и дополнителната анализа извршена на Медицинскиот факултет во Љубљана.

Во Словенија болвите многу често на луѓето им ја пренесуваат лајмската борелиоза, исто така опасна болест. Годишно се пријавуваат илјадници такви случаи, а во последните години е меѓу најчесто пријавуваните инфекции.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top