Home / аларм / Прва помош на плажа: Медузи, морски еж, пајаци, изгореници

Прва помош на плажа: Медузи, морски еж, пајаци, изгореници

Доколку ве допре медуза ќе ви помогне плакнење со морска вода или оцет, а каја силните рани од убод од пајак побарајте лекар. Боцките од морски еж извадете ги со помош од игла…

Непријатностите при капењето можат да ви го уништат одморот, затоа е многу важно да се внимава при влегувањето во вода. Сепак, некои незгоди не може да ги спречите, затоа еве неколку корисни совети кои можат да ви помогнат.

За изгореница од медуза може да ви помогне оцет

meduzaПосле контакт со медуза, на кожата доаѓа до алергиска реакција, но таа изгореница најчесто не е опасна. Сепак, доколку се појават поголеми пликови на површина поголема од раширена дланка, треба да се консултирате со лекар. Кортикостероидните креми ќе ја ублажат реакцијата, а како прва помош ќе ви послужи плаканење со морска вода или оцет, лимунов сок или урина.

Боцките од еж се вадат со игла и алкохол

Боцките од еж можат да донесат големи проблеми, најмногу затоа што го оневозможуваат нормалното одење додека не ги извадите. Ако се малку, тоа можете да го сторите само со помош на дезинфицирана игла, пинцета и алкохол. Треба да ги извадите на начин на кој би извадиле трн од кожата. Доколку боцките се предлабоко во кожата или се премногу за да можете сами да ги извадите, задолжително да посетите лекар за да не дојде до посериозни компликации.

Врела вода после убод од морски пајак

Морскиот пајак е вид на риба која најачесто се наоѓа во песок, а бидејќи на грбот има отровни боцки, може да дојде до незгода ако некој стапне на нив, додека кај риболовците се почести убоди по раката. Бидејќи отровот од таа риба е чувствителен на температура, најдобро е веднаш после убодот да се исплакнете со топла вода, што е можно поврела. Исто така добра помош е и урина на убодот. Потоа консултирајте се со лекар, затоа што може да дојде до несвестица и грчеви.

Изгорениците од сонце ги ублажува јогурт

При појава на црвенило после сончање како прва помош ќе ви послужи ладна купка во која може да ставите малку јаболков оцет, како и дополнително мачкање со масло од кантарион. Јогуртот може да ви помогне да ја оладите кожата и да го намалите црвенилото. Сепак, ако се појават пликови и кожата многу ве пече, треба да посетите лекар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top