Free songs
Home / сведоштва / Продале се и не нашле лек за ќерката – надеж им е кинеската медицина

Продале се и не нашле лек за ќерката – надеж им е кинеската медицина

Семејството Илковски од Прилеп, чија ќерка боледува од церебрална парализа, последна надеж гледа во Кина и нивната алтернативна медицина. Продале се што имале за продавање за да се подобри здравјето на нивната ќерка, но лек не нашле, пишува Канал5.

prilep-630x504Моника Илковска од Прилеп, спасот од церебралната парализа го бара во современата кинеска алтернативна медицина. Единствената мисла и желба и е по десет години да стане од инвалидската количка и да преземе дел од обврските во домот бидејќи нејзините родители се без работа, па решиле парите за егзистенција за лекарства, за помагала и физикална терапија да ги обезбедуваат од тутун.

Во солзи, нејзиниот татко Зоран, вели дека пред неколку години им починал синот, сега на Моника и се намалува видот. Не сакаат да ја загубат и неа. Секојдневно се зголемува купот хартии од лекарските наоди и препораки, но се зголемува и купот од неплатени сметки и решенија од извршители. На тоа сега никој во ова тричлено семејство не мисли. Единствено што мислат е како да се најде лек и да се спаси нивната ќерка.

Меѓу рампите и помагалата без пријатели и другари, но со надеж дека нејзиниот излез од безизлезот е во Кина, Моника покрај компјутерот трпеливо ќе го чека одговорот. Дали кинеската влада и македонските надлежни институции ќе и овозможат да патува во оваа далечна земја и со помош на кинеската медицина ќе и се исполни желбата – да ја победи оваа болест.

Share Button

One comment

  1. Ve molam prosledete im ja slednava informacija:
    Dr. Terry Wahls Cured Herself of Multiple Sclerosis
    Read more: http://www.healthy-holistic-living.com/terry-wahls.html#ixzz2kL9b7yrq

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top