Free songs
Home / природен лек / Природен лек за уринарни инфекции и бактерии

Природен лек за уринарни инфекции и бактерии

Кај уринарните инфекции најважно е да го „измиете“ организмот со големи количини течности, за да ги исфрлите колониите на бактеријата ешерихија коли, главниот причинител за воспаление на уринарните патишта. Затоа, во тие случаи се препорачува пиење билни чаеви (уролошки чај) и вода, покрај природните сокови од брусница и боровинки.

urinarna-inkontinencijaa-llПокрај течностите, за чистење на бактериите важна е и исхраната, бидејќи поедини продукти поради својот состав можат да ја подобрат состојбата, но и да ги влошат симптомите. Такви се кафето и чоколадата, чие поедини состојки дејствуваат надразнувачки на воспалените ткива.

Како што кафето и чоколадата неповолно дејствуваат на воспалението на уринарните патишта, така постојат и некои продукти коишто се препорачуваат во исхраната, се додека трае инфекцијата.

Се препорачува:

– бадеми, бело месо, масло од тиква, цвекло, јајце, кафе од јачмен, јогурт, кокос, коприва, лешници, мешунки (грав, леќа), маслиново масло, морков, ореви, пастрмка, свежо кравјо сирење, вода.

Не се препорачува:

– цитрусно овошје (лимон, портокал, грејпфрут), чоколада, јагоди, кафе, оцет, домати, шумско овошје, засладени газирани пијалаци.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top