Free songs
Home / Болести и лечење / Подмочани жени: Неможноста во целост да се задржи урината се лечи – Кегелови вежби

Подмочани жени: Неможноста во целост да се задржи урината се лечи – Кегелови вежби

Секоја петта жена по 40-тата година од животот пати од инконтиненција која најчесто се јавува како последица на слабост на мускулите на карличното дно. Инконтиненција е неспособност во целост да се контролира задржувањето на урината при кашлање, кивање, трчање, дигање на тешки предмети, брза промена на положбата на телото.

  • Преваленцата кај возрасни жени (од 25 до 55 години) е околу 20%. Секој втор пациент ги крие своите проблеми.
    • Преваленцата е 15% кај жени на 35, и 28% на 55 години.
  • По пензионирање околу 50% од жените и мажите страдаат од инконтиненција.

urinarna-inkontinencijaa-llНајчеста причина за овој проблем е ослабеното карлично дно, кое кај жените се јавува поради вродена слабост на сврзното ткиво, поради бременост и раѓање, менопауза, прекумерна телесна тежина, или поради чести повторувани воспаленија на мочниот меур.

Кај стрес инконтиненцијата пелвичниот мускулатура може да е ослабена заради прекумерна телесна тежина (> 20% преголема тежина), бременост, породувања и тешка работа. Стрес инконтиненцијата може да биде предизвикана заради слабост на сврзно ткиво, астма или мускулни релаксанти како празосинот.

Комплетен упатник за жените со овој проблем на следниот линк – Водич за уринарна инконтиненција

Кај мажите инконтиненцијата може да се јави како последица на хируршко отстранување на простатата (радикална простатектомија).

Видови инконтиненција

iritabilan_mokracni_mjehur1.      Губиток на урина при активност (стрес инконтиненција) е проблем кај 3/4 од возрасните инконтинентни пациенти.

2.      Инконтиненција зади итност е заради дисфункција на мочниот меур и потребата за мокрење се јавува одеднаш така да пациентот мора да мокри веднаш и често пати има истекување на урина пред да стигне до тоалет. Најчесто се случува кај возрасни жени, после менопауза, но присутна е и кај млади жени.

3.      Комбинација на двата типа се нарекува мешана инконтиненција.

4.      Другите типови на инконтиненција како онаа заради преполнет мочен меур или рефлексната инконтиненција ретко се среќаваат кај жени.

Храна 

podmocani zeni - urinarna inkontinencija1Спанаќот содржи големо количество на цинк и може да помогне во контролирање на нагонот на инконтенција. Нутриционистот и биолог Џорџ Матељан, автор на книгата “Најздравата храна на светот”, вели дека спанаќот, гледано историски се користи за бројни здравствени цели, вклучувајќи го намалувањето на воспаленијата, зголемувањето на енергијата, а исто така позитивно влијае на здравјето на срцето и мозокот.  Покрај цинкот, спанаќот содржи и бројни хранливи материи како витамини: А, Е, К и Ц, како и манган, фолна киселина и магнезиум.

Кегелови вежби

Овој проблем најчесто се јавува како последица на слабост на мускулите на карличното дно, тој може да се ублажи со нивно зајакнување.

Доктор Арнолд Кегел уште во 1948 година прв ја предложил примената на вежбите за зајакнување на мускулите на карличниот под, со цел да се подобри нивната функција и тонус. Тоа се вежби на волно стегање и олабавување на мускулот, кој има важна улога во одржувањето на уретралниот притисок (musculus levator ani).

Мускулите на карличниот под во своето тело може да ги лоцирате при следното уринирање на следниот начин: ќе се обидете прво да го задржите, а потоа да го пуштите млазот и тоа не стегајќи го стомакот, ниту бутините и задникот. Ако тоа ви успее, значи сте ги лоцирале мускулите за кои се говори.

Kegel-Exercises

Основната Кегелова вежба е многу едноставна.

Стегнете ги карличните мускули, држете го стегањето десетина секунди, а потоа опуштете ги. Се препорачува вежбата да се повтори десет пати, три пати дневно (вкупно вежбање – 5 минути дневно).

Тоа се едноставни вежби, не бараат многу слободно време, се изведуваат без дополнително потребна опрема. Ефектите од овие вежби се забележуваат веќе по еден месец од редовното вежбање. Со овие вежби може значително да се ублажи инконтиненцијата.

Конзервативен третман

  • Постменопаузални жени со минимални симптоми би требало да пробаат локална естрогенска терапија (вагиналети или таблети еднаш 1-3 пати неделно)  Локалниот естроген е поефикасен отколку системски администрираниот естроген за било кој вид инконтиненција.
  • Пациенти со слаб облик на стрес инконтиненција
    • Намалување на телесната тежина
    • Вежби за зајакнување на пелвичната мускулатура 
    • Duloxetine е нов вид на фармаколошки третман и за стрес инконтиненција. Докажано е дека го намалува протекувањето и ја намалува депресијата асоцирана со течењето.
  • Пациенти со слаб облик на инконтиненција заради итност
    • Едукација на мочниот меур (нормализирање на интервалите на мокрење) 
    • Користење на антихолинергични лекови 
      • Почетната доза на оксибутинин е мала (2.5-3 мг), дозата индивидуално се зголемува се до максимум од 5 мг × 3/ден. Новите споро делувачки таблети (10 мг) земени еднаш на ден предизвикуваат помалку несакани ефекти.
      • Толтеродинноа ефикасен исто како и оксибутининот кај инконтиненцијата заради итност, но може да има помали антихолинергични несакани ефекти (сувост во устата и проблеми со видот). Дозата е 2 мг × 2 од самиот почеток.
      • Троспиум хлоридот е најнов лек за инконтиненцијата заради итност. Дозата е 20 мг × 1-2/ден. Ефектот е во најмала мерка ист со другите лекови но помали се несаканите ефекти.
      • Солифенацинот е најнов лек за инконтиненцијата заради итност, со бенефит и несакани дејства како другите лекови.
  • Терапија со електрична стимулација може да биде корисна кај двата вида инконтиненција (кај стрес инконтиненцијата се стимулира пелвичната мускулатура, кај инконтиненцијата заради итност се намалува прекумерната активност на мускулатурата на мочниот меур) D.

Хируршка терапија

  • Стрес инцонтиненцијата може да се третира хируршки според мислењето и проценката на урогинекологот.
    • Колпосуспензијата по Burch беше златен стандард се до крајот на деведесетите. Исто така може да се направи ендоскопски со употреба на мрежичка или шевови.
    • Денес најчесто употребувана техника е користењето на мрежичка во вид на лента, која преку вагинална инцизија, под уретрата, се имплантира во вид на слиг и тука останува без тензија. Вообичаено слободните краеви на лентата се провлекуваат на предниот  абдоминален ѕид и се сечат под кожата (TVT = Tension-free Vaginal Tape). Денес слободните краеви поминуваат преку обтураторниот форамен (TOT, trans-obturator tape). Процедурата дури може да се изведе и со локална анестезија и резултатот да е дури и подобар од колпосуспензијата на Burch.
  • Кај инконтиненција заради итност, операцијата најчесто не е ефикасна. Во екстремни случаи, специјалист може да индицира операција за зголемување на капацитетот на мочниот меур.
  • Третманот на мешаната инконтиненција се одредува според доминантниот облик на инконтиненција.
Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top