Free songs
Home / природен лек / Пивскиот квасец за холестерол, стрес, убавина

Пивскиот квасец за холестерол, стрес, убавина

Пивскиот квасец е полн со Б витамини, одлично се бори против стресот, го регулира холестеролот и се наоѓа во служба на здравјето и убавината.



Пивскиот квасец е жив микроорганизам кој не само што шеќерот го претвора во етил алкохол и јаглерод диоксид туку и на секое пиво му дава посебен мирис и вкус.

Затоа ни малку не е необично што секаде во светот познатите произведувачи на пиво сами го умножуваат квасецот кој на нивното пиво му дава препознатливи својства, па затоа љубоморно го чуваат и не им е драго да им го отстапат на другите.

Но, познато е дека пивскиот квасец меѓудругото има и лековити својства. Пивскиот квасец е полн со Б витамини, одлично се бори против стресот, го регулира холестеролот и се наоѓа во служба на здравјето и убавината. Преку процесот на преработка на суровина пивски квасец се добива сув пивски квасец. Тој претставува вистинска ризница хранливи состојки како што се: беланковини, аминокиселини, јаглехидрати, минерали и витамини. Пивскиот квасец го добил своето име бидејќи пред да се знае за неговите лековити својства се користел исклучиво за прозиводство на пиво.

Квасецот содржи три важни елементи: селен кој го успорува процесот на стареење, хром кој служи за превенција од дијабетис и инфаркт и глтаминот кој ја подобрува елиминацијата на штетни материи од организмот.
Благодарение на големиот број на минелари и олигоелементи, пивскиот квасец е одличен додаток во природната храна. Минералите кои се наоѓаат во квасецот помагаат против стрес, остеопороза, анемија и други заболувања.
Пивскиот квасец во главно содржи сложени шеќери и е погоден за користење ако некоја личност има дијабетис.
Квасецот е одличен во регулирање холестерол, тој претставува природен антибиотик кој ги контролира бактериите кои би можеле да бидат штетни за организмот.
Квасецот се користи и во служба на убавината, посебно за убавина на кожата. Помага против акни, воспаленија и инфекции на кожата. Ги зајакнува забите, ноктите и косата. Исто така има и  антиканцерогено дејство.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top