Free songs
Home / Болести и лечење / Пет витамини кои најдобро заштитуваат од рак

Пет витамини кои најдобро заштитуваат од рак

1 . Бета каротен

vitaminite-300x199Овој претеча на витаминот А се наоѓа во портокалите и зеленчукот како што се морковот, слаткиот компир, спанаќот, ќељот и другиот лиснат зелен зеленчук. Неверојатно е хранлив, a истражувањата покажаа дека е одличен за заштита од токсини кои се поврзани со ракот на белите дробови.

Друго истражување покажа дека бившите пушачи кои дневно јаделе зеле и жолт зеленчук богат со бета каротен го намалиле ризикот од рак на желудникот и на белите дробови.

2 . Витамин Б6

Неопходен за одржување на здрав имунолошки систем и помага во заштита од инфекции на дишните патишта и нивно онечистување. Во студии се покажало дека е заштита од рак на матката. Тој првенствено се наоѓа во морковот, јаболката, бананите, лиснатиот зелен зеленчук и слаткиот компир.

3 . Витамин Ц

Голем потенцијал во борба против ракот, како во превенција на болестите така и во нивното лечење. Одлично помага аскорбинската киселина (витамин Ц) и имајте на ум дека најдобро од се е превенцијата а тука, ако го внесувате редовно преку исхраната, витаминот Ц игра главна улога.

4 . Фолна киселина

Или витамин Б9 помага во заштита од рак на матката па затоа е неопходен во правилното оформување на ДНК и РНК. Ја има во репката, зелката, темнозелениот лиснат зеленчук, јајцата, агрумите и повеќето риби.

5 . Витамин E

Освен што штити од ракот на дебелото црево овој витамин делува како снажен антиоксиданс кој ги намалува оштетувањата предизвикани со озон и загадувачите на ќелиите. Пообилно се наоѓа во јајцата, пченичните ркулци, џигерот, нерафинираните растителни масла и во темниот зелен зеленчук.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top