Free songs
Home / природен лек / Пелин – билката од народните песни е всушност многу здрава!

Пелин – билката од народните песни е всушност многу здрава!

Други имиња: акценац, осенац, пелинчек Латинско име: Artemisia absinthium Англиски: Wormwood

pelin-zdr-bil-05Пелинот е трајна билка со разгрането стебло, полугрмушест облик, и со висина до 1 метар.

Стеблото е округло со перасто разделени листови, а цветовите се во грозд со ситни полусвенати главици.

Цветовите се состојат од чашки со тесни лаци, бледожолти, левкасти, и на краевите петоделни расцепени венци, 5 прашници и надраснат толчник

Иако кај нас народски пелинот е симбол за јад, тага и несреќа, до истата мера Римјаните на Капитол, пред сите други признанија и почести, на победниците им давале напивка од пелин, убедени дека тоа е најголемата награда за еден победник, бидејќи според тогашното сфаќање, пелинот обезбедувал добро и вечно здравје, најголемо земско богатство.

pelin-zdr-bil-03Впрочем, и латинското име на пелинот има симболично значење, т.е. името на билката треба да делува психосугестивно на човекот, да верува дека ќе биде здрав и цел.

Античкото име потекнува од грчкиот збор Артемисија, со значење лековита.

Како дива билката расте на сончевите необраснати земјишта, а поради својата лековитост се сади во градините.

Лековит дел на билката се листовите, кои се собираат пред цветањето, и целата билка за време на цветањето.

Лековито дејство: пелионот има многу горчлив вкус. Извонредно средство е за чистење на крвта и за зајакнувањето на желудникот.

Се употребува при лечење на лоша дигестија, слаб апетит, подригнување, глисти, болести на бубрезите, слезинката, црните дробови, жолтица, мачнина, згрутчување на крвта, мочниот меур, водена болест и осипи.

Освен тоа, многу се широки добротворните својства на пелинот кои поволно влијаат на целокупниот организам. Така исчезнуваат дебелината, шеќерната болест, и психичките проблеми со анксиозност.

Точка.ком.мк

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top