Free songs
Home / аларм / Парацетамолот опасен за децата?

Парацетамолот опасен за децата?

Парацетамолот е лек кој постојано го има во секое домаќинство, но дали тој е безбеден како што досега се сметаше?

paracetamol deteПарацетамолот е лек за кој повеќето родители веруваат дека е единствен безбеден за нивните деца и кој како антипиретик и аналгетик се користи и за време на бременоста и кај новороденчињата, можеби и не е толку безопасен како што досега се сметаше.

Истражувачите од Упсала универзитетот во Шведска спроведоа истражување за последиците од користењето на овој лек и дојдоа до заклучок дека тој остава последици врз развојот на мозокот, како и дека може да биде опасен за бремените жени и новороденчињата.

Во студијата објавена во „Toxicological Sciences Journal“ се наведува дека тестирањето извршено врз глувци покажало дека употребата на парацетамол доведува до хиперактивност, влијае врз когнитивните способности и меморијата.

Заедно со податоците за зголемениот број на случаи на труење поради преголема доза на парацетамол, кои изминатите години се пријавени во Шведска, овие податоци стануваат загрижувачки.

Истражувачите сметаат дека фармацевтите би морале да ги предупредат родителите за новите откритија и оти мора да спроведат сериозно истражување, кое би ги утврдило вистинските ефекти на лекот, кој често пати го конзумираат малите деца.

Лекарите засега препорачуваат овој лек да се избегнува во бременоста, а на новороденчињата да им се дава само во критични ситуации во исклучително мали дози.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top