Free songs
Home / Болести и лечење / Паничен напад – како да препознаете

Паничен напад – како да препознаете

Тахикардија, студена пот, страв од излегување од дома и мислата „ќе умрам!“ се најкарактеристични за паничните напади. Многу често тие се појавуваат по смртта на близок човек во семејството. Луѓето со панични напади живеат со постојана мисла дека нешто лошо ќе им се случи, ќе паднат во некој супермаркет, ќе преживеат сообраќајна незгода или ќе загубат контрола во некое кафуле. Ова се причините поради кои најчесто се затвораат дома, таму каде што се чувствуваат најсигурно, и избегнуваат секакво излегување надвор, а со тоа го нарушуваат и социјалниот живот.

worried-226x300Провокативни фактори за првиот паничен напад може да бидат: задушлива просторија, премор, премаленост, премногу испиено кафе или алкохол и прекумерна емотивна оптовареност. Формирањето на паничните реакции е условено од базичните убедувања на индивидуата и биолошката предодреденост.
Поради целата ситуација во која се наоѓаат, многу често кај луѓето со панични напади се појавува и депресијата.

Соодветната помош од психотерапевт и психијатар дава одлични резултати во надминувањето на овој проблем. Погрешното толкување на оваа појава единствено може да ја влоши ситуацијата.

Nova Makedonija

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top