Free songs
Home / аларм / Ова се МЕРКИТЕ на Влада за Корона вирусот !

Ова се МЕРКИТЕ на Влада за Корона вирусот !

Да се прекине воспитно-образовниот процес во градинките, основните и средните училишта во наредните 14 дена, на територијата на цела држава, а од работа да се ослободат вработените во училиштата.

Blood sample with respiratory coronavirus positive

За еден родител на дете до 10 години да се дозволи отстуство 14 дена.

Се прекинува наставата на факултетите во цела држава и во научни институти

Се забрануваат масовни собири со над 1.000 учесници во наредните 14 дена, а се препорачува и да се откажат и да не се организираат настаните со учесници под илјада лица.

Се забрануваат спортски натпревари со публика.

Се воведува задолжителна самоизолација на лица кои доаѓаат од ризични држави.

Се забранува извоз на медицинска опрема и средства и материјали, а во врска со тоа што може да биде потребно за третман на заболени

Се препорачува возрасни и ризични групи да избегнуваат јавен превоз.

Се препорачува да не се патува во ризичните земји.

ДИК да ги ослободи од процесот на подготовка за изборите за вработените од јавноздравствени установи.

Се воведува хелт локатор за сите летови.

Се забранува организиран меѓународен автобуски превоз кон високо ризични земји.

Се зајакнува присуството на волонтерите од Црвен крст на сите премини.

Препорака до сите органи на државната управа и приватните компании за времен прекин на работа на бремени и хронично болни.

Владините институции ги прекинуваат сите организирани настани, конференции и патувања.

Од Владата исто така, повторно апелираат да се почитуваат мерките за превенција од коронавирусот.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top