Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!
Free songs
Home / природен лек / Ова билка која ни расте во двор е најмоќниот убиец на ракот

Ова билка која ни расте во двор е најмоќниот убиец на ракот

Глуварчето (Taraxacum) спаѓа во родот на билки и е од фамилијата Asteraceae. Тоа е повеќегодишна билка со жолти цветови, успешно расте на секое земјиште, но најмногу му одговараат ливадите и тревниците, пустите места и напуштените ниви. Расте и покрај патиштата и околу населените места.

Глуварчето го јакне организмот и му помага на телото да се ослободи од отровите. Глуварчето е природен лек и за многу заболувања.Глуварчето се користи и при проблеми со бубрезите, црниот дроб, жолчката, дигестивниот систем, ефикасен е за прочистување на организмот и за подобрување на метаболизмот.

gluvarce

Коренот на глуварчето е поефикасен од хемотерапијата – таа ги уништува сите клетки, додека глуварчето ги убива само канцерогените. По серија на истражувања на канадски научници покажа дека коренот од глуварче ги уништува клетките на ракот, без да нанесува никакви штети на здравите.

Уште древните народи знаеле дека глуварчето има лековити својства, а дека сокот исцеден од младото глуварче го подобрува нарушеното здравје.

Глуварчето е познато по својата лековитост. Но, тоа е и многу хранлива билка богата со витамини А, Б, Ц, со минерали (посебно со калиум, натриум и магнезиум) и со органски киселини. Пролетната салата од глуварче се прави од сосема млади листови, кои се берат пред цветањето на билката и надвор од населените места.

Во народната медицина, глуварчето се применува за јакнење на организмот и за пролетно чистење на крвта. Од него може да се прави чај, сируп или вино.

Коренот од глуварчето има сложен хемиски состав. Млечниот сок од глуварчето содржи: хетерозиди, јагленохидрати, минерали, и други корисни состојки, па често се користи за лекување на камен во жолчната кеса, камен во бубрегот, за атеросклероза и многу други заболувања.

Глуварче за чистење и јакнење на организмот

gluvarce 555На лицата со нежно здравје им се препорачува салата од свежи, сосема млади листови и корен од глуварче, зачинета со лимонов сок и маслиново масло. Ваквата салата или чистиот сок од глуварче ја прочистуваат крвта, ја подобруваат крвната слика, како и го чистат организмот од наталожените отрови. По ваквото чистење на организмот доаѓа до ублажување на реуматските симптоми и исчезнување на многу кожни заболувања, кои се често последица на загаденоста на организмот со токсини.

Глуварче како природен лек за атеросклероза и камен во бубрегот

Во современата медицина глуварчето има големо значење како средство кое помага во нормализацијата на размената на материите во организмот. Со тоа, глуварчето делува благотворно при некои заболувања, како на пример при: гихт, реуматизам, кожен осип, фурункулоза (гнојни чиреви на кожата) и гојазност.

Во Бугарија, глуварчето широко се применува и како средство за лекување на атеросклерозата, а глуварчето во Германија и Полска се користи и како природен лек против каменот во бубегот и како еликсир во периодот на реконвалесценцијата (опоравувањето) по прележаните тешки инфективни заболувања.

Глуварчето за подобар апетит и подобро варење на храната

gluvarceЛистовите на глуварчето се богати со каротиноиди, со витамини како. А, Б1, Б2 и Ц, со минерали (посебно калиум, калциум и магнезиум), стеарини, инсулин, каучук, холин, органски киселини, соли на калиум и калциум и смоли.

Горчливите материи од билката го подобруваат апетитот и го подобруваат варењето на храната. Исто така, глуварчето, како и сите други горчливи билки, го стимулира излачувањето на жолчката.

Глуварчето како природен лек за црниот дроб и жолчната кеса

Коренот и листот од глуварче се користат во лекувањето на болестите на црниот дроб и жолчната кеса, за лекување на камен во жолчната кеса, како и како природен лек за колит (воспаление на дебелото црево), жолтица, запек… Коренот се собира во пролет, кога е најсочен, а листовите се берат пред цветањето на билката.

Глуварчето како сировина за добивање на лекови

gluvarce3Во современата медицина и во фармацевтската индустрија, коренот од глуварчето се користи како сировина за добивање на лекови, бидејќи истражувањата и фитохемиските студии покажале дека тој содржи: горчлив гликозид тараксицин, полисахариди, инсулин, сахароза, белковини и многу други корисни материи.

Глуварчето како додаток на јадењата

Младите листови од глуварчето може да се додаваат и на други свежи салати, да се ставаат во чорби, да се од нив прават вкусни и здрави сосови и да се додава на месото печено на жар.

Правите гурмани тврдат дека закиселените или маринирани цветни пупки од глуварчето се одлични за правење на разни вкусни и здрави сосови и преливи.

Лековите на база на глуварче не треба да се земаат подолго од месец и пол дена, бидејќи прекумерната доза може да ги оптерети органите за варење и да предизвика несакани ефекти. Ако се користи во препорачаните количини, глуварчето е еден од најјаките лекови од природата.

За лек треба да се користи глуварче кое расте во чиста средина. Урбаното глуварче го филтрира загадениот воздух и ги апсорбира отровите, па затоа не се препорачува, бидејќи може повеќе да му наштети отколку да му помогне на организмот.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top