Free songs
Home / алтернативна медицина / Откритие: Билката најчесто обвинувана дека предизвикува рак, има антиканцерогено дејство!

Откритие: Билката најчесто обвинувана дека предизвикува рак, има антиканцерогено дејство!

Научници од универзитетот Луизијана неодамна дошле до неверојатно откритие – антикарциногени соединенија во листовите на тутунот, билки најчесто обвинувани за рак!

Duvan-biljka-e1415654292943-1-564x272-Листот и цветот на тутунот содржат големи количини на клучните ароми на состојките кои се нарекуваат кембраноиди, а се верува дека токму тие можат да се употребуваат како средства во борба против рак – рекол вонредниот професор на тој универзитет Калид Ел Саед.

Тој сепак напоменал дека тоа не значи дека луѓето ќе имаат еднаква корист од тутунот со користење на оној комерцијалниот, бидејќи во производството на тој тип најмногу се губи токму тоа канцерогено соединение.

-Оваа состојка обично не се наоѓа во комерцијалната употреба, и тоа затоа што тој во тој процес е деградиран во помалку соединенија во временски период од година дена за да на тој начин се добие мирис во текот на ферментацијата – тврди Ел Сајед.

Кембраноидите инаку се наоѓаат во восочната материја на свежиот тутунски лист и покажуваат потенцијал за контролирање на метастаза на рак на дојка и простата, а билката ги произведува како хемиска одбрана за да се заштити од буби и штетни микроби.

-Свежиот тутун е важна и релевантна земјоделска култура за многу држави во САД – заклучил Ел Сајеб, додавајќи дека одгледувачите сега би можеле да почнат со производство на тутун за фармацевтски цели.

Share Button

One comment

  1. Старите сигурно не биле будали. Мејџутоа тоа се однесува на поранешните сорти кои очигледно на некој не му одговараат па се заменети со канцерогени ГМО сорти плус еден куп адитиви и гомненици во текот на натамошното производство на цигарите

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top