Free songs
Home / сведоштва / Откриено зошто потомците на Александар Македонски се толку долговечни

Откриено зошто потомците на Александар Македонски се толку долговечни

Потомците на Хунзите тврдат дека се потомци на Александар Македонски што има влијание на Европјаните се повеќе да ја посетуваат долината на Хунзите и да истражуваат, 

Постојат егзотични места на светот за кои не е тешко да се рече дека потсетуваат на рај. Едно такво место е долината на реката на Хунзите во северниот дел на Пакистан, на границата со Кина. Долината ја опкружуваат остри врвови и источните Хималаи, па поради својата позиција до пред 20 години кога е изградена карпата Карахоран, биле изолирани и кај нив доаѓале само истражувачите.пишува Primetime.mk.

Поради положбата на климата во долината на реката на Хунзите во еден ден можат да се изменат сите годишни времиња. Ретко паѓа снег, но во зимата температурата знае да се спушти и до -10 степени Целзиусови. Народот кој ја населил долината се нарекува Хунзакути. Тоа се луѓе познати по едноставниот начин на живот и се занимаваат претежно со сточарство.

Долговечноста е тоа што ги одликува, а митот вели дека живеат повеќе од сто години.Исто така, се вели дека не заболуваат од кардиоваскуларни болести и рак, а причина за тоа е глацијалното млеко, односно водата со минерали.

Нивната исхрана е нискокалорична диета која ја потврдуваат голем број стручни лица. Се согласуваат дека единствената вистинска превенција од болестите е поврзана со некаков облик на редукција на калориите.

Водата со која ги наводнуваат полињата која доаѓа од каналите, е од подножјето на глечерите. Тоа е вода богата со минерали, а матна бидејќи се меша со здробените карпи.

Внесуваат многу витамин Б-17 кои ги има во семките на кајсиите, а тие од тоа прават масло. Токму тој витамин се споменува како одлична заштита од рак. Сепак нутриционистите велат дека не го поврзуваат ракот со тој витамин, но сепак кајсиите се многу значајни за Хунзите бидејќи економскиот статус им зависи од тоа.
Зошто живеат 140 години, а не се болни?  „Чудотворните“ семки на кајсијата
– Тие се полни со натриум и калиум, витамин А, додека семето со витамин Б-17, есенцијални масти и аминокиселини. Јонизирана бела вода или глацијално млеко
– Водата е преполна минерали, а пристигнува од глечерите низ каналите кои ги користеле Римјаните-аквадукти.
– Јадат овошје и зеленчук, житарици од кои прават леб и пита, а целата храна ја припремаат кратко и затоа е нутритивно богата.
– Тие садат јаболки, сливи, грозје, бабани, лешници и слично. Од овес, леќа и јачмен прават леб и го јадат со секој оброк. Месо и животински масти конзумираат ретко, најчесто во зима за празниците.

– Единствена храна која настанува со процесот на производството се путерот и сирењето од млекото. Потоа овошјето кое го сушат на сонцето и ветерот за да трае во зима.

Лебот од јачмен, просо и леќа се прави како тортилја и кратко се пече. Овој леб е неизоставна храна на Хунзите.Го прават од брашно настанато од целовитите зрна на просото и леќата. Лебот се прави од две чаши брашно кое го мелат помеѓу два камена за да биде помеко. За нашите прилики достојна замена е интегралното брашно. Брашното ќе се помеша со 1/4 лажичка сол, која претходно се исушила со зеленчукот (целер, морков…). Во смесата се додава половина чаша глацијално млеко или вода збогатена со минарали (никако збогатена со CO2). Во тестото не додаваат квасец, туку малку масло. Тестото го делат на топчиња кои ги размесуваат во облик на рамни палачинки и потсетува на мексичките тортички. Некогаш лебот жените го печеле на камен, а денес во метални садови. Го печат неколку минути. Модерните жени во смесата ставаат меласа, цимет и папаја.

Хунзите сакаат да зборуваат дека се потомци на Александар Македонски, па дури и во некои документарци на Јутјуб велат дека се повеќе слични на Балканците отколку на Азијатите. Се забележува светлата коса и светлите очи. Носиите наликуваат на старите Македонски.

Долината на Хунзите први ја откриле Британските војници во 1870 година, кога го откриле комплексниот состав за наводнување од околу 2500 метри. Зелената плодна долина која потсетува на рај, е во контраст со високите врвови на Каракорум кои се високи 7700 метри.

Потоа доаѓат Русите, настануваат недоразбирања, но победуваат Британците и целиот Кашмир останува во во сотавот на Британска Индија се до независноста на Пакистан во 1947 година.

Ханзакута денес има 30 до 40 илјади и се делат на три етнички групи: burushaski, shina и wakhi.Јазикот бурухашки, не е поврзан со ниеден друг познат јазик. Настојувањата на лингвистите да го поврзат со било кој друг јазик останаа неуспешни. За илустрација еве ги броевите од еден до десет: hin, aaltats, uusko, ualto, tsoondo, mishindo, taalo…

Извор: Primetime.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top