Free songs
Home / нови лекови / Откриена нова терапија за лечење на рак

Откриена нова терапија за лечење на рак

Стручњаците веруваат дека се на чекор од најмоќното оружје против ракот уште од откритието на хемотерапијата.

Решението во борбата против овој ефикасен убиец може да биде – имунотерапијата. Се работи за лекови кои му помагаат на телото да го зајакне имуносистемот и да ги напаѓа клетките на ракот, и така да се избори против болеста.

lek-rak-imunitet-03-630x411Две одвоени клинички студии кај различни типови на унапредени карциноми покажаа дека лековите кои го зајакнуваат имунитетот можат да бидат клучни во процесот на уништувањето на клетките на туморите.

Кај клиничката студија која опфатила 260 пациенти заболени од карцином на белите дробови во завршна фаза, кој го земале лекот ниволумаб, живееле во просек 3.2 месеци подолго.

– Во 20 години ова е еден од најголемите расчекори кога се работи за ракот на белите дробови, изјабила др. Џули Брамер, која била водич на оваа студија.

Во друга студија пак во која учествувале 945 пациенти со меланом, односно рак на кожата, кои го земале лекот ниволумаб во комбинација со ипилимумаб, кај нив болеста стагнирала, а живееле 11.5 месеци подолго, но само кога ги пиеле и двата лека.

Инаку, се работи за еден од најтешките облици на карцином. До пред неколку години, просечната проценка за преостанат живот била максимум седум месеци.

Имунолошкиот систем има всушност неколку механизми за препознавање на опасности и блокирање на клетките кои го напаѓаат. Меѓутоа, кај карциномите, поради што се и толку смртоносни, проблемот е што клетките на ракот можат да се “камуфлираат”, па имунолошкиот систем не ги препознава како штетни.

Еден од најголемите предизвици кој е сега пред научниците е фактот дека некои пациенти реагираат на имунотерапија, додека кај други нема никаква реакција ниту промена на состојбата. Но, стручњаците тврдат дека имунотерапијата би можела да ја замени хемотерапијата во наредните пет години, особено кај ракот на бели дробови и меланомот.

Резултатите од двете истражувања се претставени во неделата, на конференцијата на Американското онколошко друштво во Филаделфија, пишува Independent.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top