Free songs
Home / Болести и лечење / Отечени нозе – проверете го срцето, влакнетост – проверете ги јајниците

Отечени нозе – проверете го срцето, влакнетост – проверете ги јајниците

Доброто здравје се препознава преку атрактивниот и младешки изглед. Можеби сте во искушение да го обвините стресот за брчките или за паднатата коса, но треба да знаете дека стресот не е и не може да биде главниот виновник за с`.

Повеќето болести и состојби имаат некои симптоми. По правило вашето тело секогаш ги покажува, а ваше е дали ќе ги препознаете или не. Нешто што на прв поглед изгледа како хроничен умор, може да биде резултат на алергија или на неправилна исхрана.

Отечени стапала

noze otokМногу состојби, вклучувајќи истегнувања, исчанчувања, повреди и инфекции може да бидат причина за отоци на стапалата. Бременоста, прекумерната дебелина и некои лекови исто така го поттикнуваат задржувањето на водата во долниот дел од телото, а вие тоа го забележувате како отеченост на стапалата.

Некои болести, исто така, се поврзани со отечените стапала. Срцевите болести се с` почести, а еден од нивните симптоми се задржувањето вода во нозете, стапалата и глуждовите.

Уморни очи

oko33Ако зад себе имате неколку непроспиени ноќи, си ја знаете причината за заморот на очите. Но ако спиете сосема доволно, а очите и понатаму ви изгледаат уморно, можеби треба да обрнете внимание на својата исхрана.

Отечените очи настануваат кога течноста се насобира под тенката кожа на очите. Многу нешта може да предизвикаат собирање вода во подрачјето околу очите ( на пример, алергии или плачење), но сепак најчеста и водечка причина е прекумерното внесување сол во организмот.

Сува кожа

Сите одвреме-навреме имаме проблем со сувата кожа. Обично овој проблем настанува поради изложување на ветер или по туширање со претопла вода. Нарушената работа на штитната жлезда и дијабетесот може да предизвикаат сува кожа и недостиг на клучните нутритивни материи во телото. Артериосклерозата, исто така, може да биде причина за сува кожа, особено на стапалата, нозете и на брадата. Кога артериите ќе станат блокирани, тие отежнато го снабдуваат телото со хранливи материи, а кожата има с` помалку кислород на располагања.

Влакна на необични места

endometrioza-ili-cokoladna-cista-2Кај жените биолошки не е предвидено влакната да растат на некои места. А тие освен што се непријатен естетски проблем, може да бидат знак за сериозни здравствени проблеми.

Синдромот на полицистични јајчници е честа причина за појава на влакна на невообичаените делови од телото. Полицистичните јајчници може да предизвикаат неплодност, неправилност во менструалниот циклус и изостанок на менструацијата. Повеќе од 70 отсто од жените кои страдаат од полицистични јајчници имаат и проблем со влакната на несакани места како што е лицето, градите, грбот, рацете или стапалата.

Жолти очи

Очите не се само огледало на нашата душа, туку и на нашето здравје. По правило белката на очите навреме јавува кога нешто не е во ред со здравјето, а кога ќе добие жолта боја, веќе имате сериозна причина да се загрижите за себе.

Кај возрасните тоа може да биде знак за болест на црниот дроб како што се хепатитисот или цирозата. Прекумерното ниво на билирубин, материја која настанува со распаѓањето на хемоглобинот е водечка причина за појавата на жолтите очи. Секој што ќе забележи дека очите му добиле жолта боја, задолжително треба да појде на лекар.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top