Free songs
Home / аларм / Опасна комбинација: Кој лек со кој пијалак не смее да се пие?

Опасна комбинација: Кој лек со кој пијалак не смее да се пие?

Некои невообичаени пијалаци, од разни сокови па до кафето, можат да ја намалат ефикасноста на одредени лекови и да бидат сериозна закана за здравјето кога се комбинираат со нив.

ucm369744Сок од грејпфрут

Сокот од грејпфрут негативно влијае на повеќе од 50 лекови, вклучувајќи ги статините. Бидејќи ефектите на цитрусниот сок траат повеќе од 24 часа, ако мислите дека земањето на лекот во друго време ќе го реши проблемот – грешите. Сокот од грејпфрут, но и другите производи врз база на тоа овошје, се честа причина за несакни дејства до кои доаѓа во интеракција со повеќето од десетина лекови, антидепресиви, медикаменти за намалување на крвниот притисок, лекови против болки, некои антибиотици…

Сок од калинка

Ензимите откриени во калинката можат да го поништат дејството на неколку видови лекови за крвен притисок.

Млеко и млечни производи

Калциумот може да влијае на дејството на лековите за тироидна жлезда. Почекајте барем четири часа со лекот ако сте пиеле пијалак богат со калциум.

lekoviКафе, зелен чај и енергетски пијалаци

Кофеинот може да биде сериозна закана за здравјето ако се зема со стимуланти. Избегнувајте кафе кога земате лекови за астма и амфетамини.

Спортски пијалаци

Калиумот во овие пијалаци може да биде опасен во комбинација со некои лекови за срце и за висок крвен притисок (хипертензија). Бананите се исто така богати со калиум.

Plus Info

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top